|

Одбележуваме 117 години од убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов

На 28-ми ноември 1907 г. е убиен заедно со Иван Гарванов легендарниот војвода на ВМОРО и на ВМОК БОРИС ПЕТРОВ САРАФОВ од предавникот Тодор Паница, а по заповед на Јане Сандански.

Роден е во неврокопското село Либјахово 1872 г. Учел во Бугарската гимназија во Солу и од таму се познава со Гоце Делчев, Даме Груев и Ѓорче Петров. После тоа се запишува во военото училиште во Софија, а покасно добива чин поручник во Бугарската армија. Во 1895 г. како војвода на чета учествува во Мелничкото востание (четничката акција). Потоа учи во Санкт Петеребург академија на генералниот штаб. Во Солун се среќава со раководителите на ВМОРО, а во Бугарија создава офицерски друштва во касарните, од кои да изпраќаат офицери во Македонија. Прави обиди да собере пари и оружје од повеќе европски држави. Во 1899 г. е избран за председател на Врховниот комитет. Подпишува протокол со задграничните представници на ВМОРО Г.оце Делчев и Ѓорче Петров за допуштање на бугарски офицери во сите структури на ВМОРО. Испраќа меморандум до владетелите на Великите сили и Турција за исполнување на член 23 от Берлинскиот договор. Во Женева предава пари на Јордан Попјорданов со кои гемиџиите извршуваат подготовка за Солунските атентати, а на ВМОРО му предава пари и вооружување. Од кога е земено решение за Илинденското востание формира чета и пренесува 150 кг. динамит во Македонија. На Смилевскиот конгрес е избран за член на востаничкиот штаб. Тој изготвува очаен апел до владата во Софија, во кое настојува за итно вмешување за спасување на месното население. Б. Сарафов е делегат на Рилскиот конгрес од 1905 г. во кој се конфронтира со Јане Сандански. Конечното решение за ликвидирање на Сарафов, Гарванов и Матов е донесено на Окружниот комитет на Серскиот револуционерен округ во октомври 1907 г. На 28-ми ноември Тодор Паница е поканет во домот на Борис Сарафов во Софија, каде согласно на предходните договори треба да присуствуваат и трите задгранични представници, но во последниот момент Христо Матов известува дека нема да може да дојде. На испраќање на излезната врата Тодор Паница со два револвери смртоносно ги прострелува Гарванов и Сарафов.

Убиството е спонзорирано од Белградскиот Македонски Комитет. После овие егзекуции разцепувањето во ВМОРО станува факт.

“Со оглед на критичката и ужасна положба, во која се најде Бугарското население од Битолскиот вилает по извршените опустошувања и ѕверства од турската војска и башибозук, со оглед на тоа, дека тие опустошувања и ѕверства на систематски начин продолжуваат и не може да се предвиди до каде ќе отидат; со оглед и на тоа, дека тука сe’ Бугарско ризикува да изгине и се затрие без спомен од насилства, глад и настапувачката мизерија. Главниот штаб смета за свој долг да му обрне внимание на Почитуваната Бугарска Влада на катастрофалните последици за Бугарската нација, ако таа не си го исполни својот долг спрема своите единородни браќа тука на еден впечатлив и активен начин, како што се налага од силата на околностите и опасноста, која што ја загрозува Бугарската татковина денес.“

Писмо на ГШ на ВМОРО до Бугарската влада, 09. 09. 1903 год.

“Да претпоставиме, Ваше Величество, за минута, дека по некој начин организацијата е задушена. Турците не се вчерашни: тие знаат добро, дека не после долго време пак ќе ги загрози опасност од револуционо-ослободително движење во земјата, штом остане на лице силен Бугарскиот елемент, навикнат однапред на бури и борби, и следователно пак ќе го прогонват во секој однос, значи и во црковно-училишниот однос.

Илузија е, Ваше Блаженство, да се мисли, дека ако престане нашето револуционерно движење или барем нашето четничко движење, ќе престанат и вооружените пропаганди, грчка и србска, така ќе му олесне на населението и на Екзархијата ќе и’ биде лесно да си ги пази позициите и да придобива нови… Но и да би можела турската сила да ги смачка вооружените пропаганди, турската власт, колку и да се преправа, не ќе сака да се лиши засекогаш од едно такво средство за парализирање (на) Бугарското население. Останва пак организацијата, во интерес на целта што се спроведува од неа, да служи за самозаштита и да ги пази позициите на револуционерниот Бугарски елемент.”

ДО НЕГОВО БЛАЖЕСТВО БУГАРСКИОТ ЕКЗАРХ ГОСПОДИН ЈОСИФ I, Писмо на Б. Сарафов, Х. Матов и И. Гарванов, 1907 г.



Слични Објави