Одбележуваме 121 година од загинувањето на војводата на ВМОРО Тома Давидов
На 15-ти март 1903 г. крај с. Оздолени, Дебарца загинува војводата на ВМОРО поручник ТОМА КОСТОВ ДАВИДОВ. Роден е во Ловеч 1868 г. Завршил медицина. Како доброволец се бори во Српско-бугарската војна, 1885 г. Завршил Воено училште во Софија, во истата генерација со Гоце Делчев и Борис Сарафов. Во 1895 г. учествува во Четничката акција – Мелничкото востание. Дружината влегува во Неврокопско и го превзема Доспат, заедно со Јане Сандански и Кирил Прличев. По враќањето од Македонија Т. Давидов се вклучва во работата на Тајните македоно-одрински офицерски братства и Врховниот македоно-одрински комитет, каде е избран во раководството. Во септември 1902 г. Давидов, огорчен од внатрешните караници во Врховниот комитет, заминува за Македонија начело на чета. Гоце Делчев го назначава за војвода на Ревизионата чета на II Битолски револуционерен округ. Како главен ревизор тој ги обиколува Охридско, Битолско, Демирхисарско и се грижи за воената подготовка на војводите и четниците, ја засилува дисциплината и бојниот дух со оглед на предстојното востание. Во пролетта на 1903 г. подготовката за предстојното востание се засилва и во Преспанско, Ресенско и Охридско четите на ВМОРО често водат битки со турскиот аскер. На 14-ти март 1903 г. Давидов добива сообштение, дека четата на војводата Дејан Димитров е обсадена во село ‘Рбино и веднаш притекнува на помош. Следниот ден Давидов пристига близу до селото заедно со 80 души четници и милиција, но борбата веќе свршила, војводата Дејан се извлекол. Под село Оздолени четата наидува на башибозук и при борбата поручик Т. Давидов е смртоносно ранет. По убиството на војводата избувнува т.н. Давидова афера, при која се затворени околу 164 души од цела Дебарца. Благодарните селани го погребват во местноста Градиште, а неговиот гроб е претворен во место за поклонение. Местото на Давидов како главен војвода го зазема Христо Узунов.
“Иницијатаивата за создавање на ревизионата чета во Битолскиот револуционерен округ, 1901 г. се пречека како добро разгледано и навремено идеално дело на Гоце Делчев, организаторот на сета инициатива која имаше за цел централизирање на раководството и тактичката подготовка на војните сили на ВМОРО. Како резултат на неговата констатација Делчев ја застапи обшто идејата да се создаде по една ревизиона чета во секој револуционерен округ: Скопски, Битолски, Солунски, Серески и Одрински. Од неговата последна обиколка во Битолскиот округ беше повикан итно и дојде во Софија поради распоред за вонредниот конгрес на емигрантските друштва во слободна Бугарија. Делчев ја конкретизира идејата за централизирање на власта со раководство во воен и административен однос над сите реонски чети по окрузи со неограничени права на воениот ревизор, инструктор и организатор во поверениот округ. По проценката и настојувањето на Гоце Делчев, првата ревизиона чета требаше да се формира што е можно поскоро и веднаш да замине за Битолскиот револуционерен округ. За началник на ревизионата чета беше избран поручник Тома Давидов од Ловеч извесен ревносен и предан деец на ослободителното дело во Македонија. Неколку пати ја предлагал својата кандидатура да отиде во Македонија во безрезервно и целосно располагање на ВМОРО. „Не сум од Македонија – беше кажал Давидов – но за слободата на Македонија сум готов секој момент да го дам мојот живот. Ќе отидам таму, меѓу народот на братска Македонија, да умрам, а не тука да си ја трујам душата за неа.“ Поради тоа Гоце Делчев му го соопшти решението сам да си избере момчина во четата.“
РЕВИЗИОНАТА ЧЕТА ВО БИТОЛСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ, Х. Настев

