|

Одбележуваме 132 од раѓањето на крушевскиот војвода на ВМРО и поет Љубомир Весов

Љубомир Весов е роден на 30 август 1892 г. во Велес. Татко му Илија Весов, кој што е активен деец на Бугарската обштина во градот, умира рано. Љ. Весов завршува средното образование во Софија. Уште како ученик се вклучува во редовите на ВМОРО и неколку години е комита во Македонија.

Во Балканската војна е доброволец во Македоно-одринското ополчение во четата на Иван Попов, Христо Силјанов и во Здружената партизанска чета на МОО – во април влегува во четата на Петар Чаулев, која што има задача да го превземе мостот на Вардар при Градец и потоа да настапи кон станицата Демир Капија, за да се најде во тилот на србските единици, расположени по десниот брег на реката при Криволак. Четата ја исполнува задачата и за време на Криволачката битка уништува композиции и разоружува многу србски одделенија. Награден е со сребрен медал. На 20-ти март 1915 г.

Љ. Весов учествува во Валандовската акција. Заедно со војводите Ване Стојанов, Петар Овчаров, Петар Чаулев и Панајот Карамфилович и со вкупно 1000 комити ги разбиват србските војски во трите укрепени пункта Валандово, Пирава и Удово. Убиени се 470 србски војници и 7 офицери, а Валандово е преземено, после кое што четите се повлекуват во Бугарија. По вклучувањето на Бугарија во Првата светска војна е четен командир во Бугарската армија, а после прогонувањето на србските војски од Македонија е комендант на градот Крушево.

По крајот на војната завршува више образование – право на Софискиот универзитет и се отдава на револуционерна дејност. Во март 1920 г. Весов е еден от основачите и раководителите на Македонското студентско друштво „Вардар“. Од 1920 г. Љ. Весов е крушовски војвода. На 5-ти ноември 1922 г., обграден од србска полиција во крушовското село Острилци се самоубива.Погребан е во Крушево. Смртта на Љубомир Весов се прима од ВМРО и македонските бегалци в Бугарија како голем удар врз национално-ослободителното движење.

“Големата светска војна се сврши. И тие Љубомир Весов и Илија Кушев ги соблекоа офицерските палта и ја облекоа скромната униформа на војводи, зашто војната за Македонија продолжуваше: нејзините завојувачи употребија оружје против старците и жените, татковците и децата, додека ги принудуваат со терор да се одречат од своето национално име и да го примат нивното, на насилниците. Македонското население – Бугари и Власи, Турци, Албанци и Евреи, требаше да се кажуваат Срби или Грци…“

в-к НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА, 1923 г.



Слични Објави