(Фото) Наш читател македонски Бугарин: Прво ме попишаа на лист од незаверена тетратка, а два дена подоцна одбија да ја евидентираат мојата куќа
Нашиот редовен читател Живко Чавдаров од Гевгелија нè информираше дека на 10 септември годинава по образложение дека „системот е паднат“ е попишан на лист од незаверена тетратка. Два дена подоцна на 12 септември, не му било дозволено да го снима самото попишување директно на компјутер од страна на попишувачката и инструкторката, кои според неговите зборови одбиле да ја евидентираат неговата куќа.
Во прилог ја објавуваме фотографијата што ни ја испрати г-нот Чавдаров, на која се гледа лист од тетратка на којшто се запишани податоци што треба да се внесат во пописните документи:

Во врска со овој случај Чавдаров испратил и e-mail до Државниот завод за статистика и истиот со негова дозвола го објавуваме во целост:
„Почитувани,
Во врска со актуелниот попис на населението,домакинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 кој е во тек Ве известувам:
На ден 10.09.2021 година ме посети Ваша попишувачка и со образложение дека системот не функционира отпочна да попишува во тетратка на лист хартија , па откога делумно заврши со попишувањето прекина со образложение дека повторно ќе дојде откако системот ќе се среди,отстранат проблемите и ќе профункционира како тоа треба.
Денес 12.09.2021 година преди околу 1 (еден ) час повторно дојде овој пат и со инструкторка и со компјутер, но одби да отпочне и да ја попише куќата во која живеам , а наместо тоа ја попиша куќата на мојата сестра во која таа не живее, јас ја одржувам ,а чиј двор е заеднички со мојата куќа во која живеам.
Барам објаснување зошто Вашите попишувачи одбиваат да отпочнат и спроведат постапка за попишување на куќата во која живем која не ја кријам дека е моја ,а со оглед да се сомневам дека сето ова се прави свесно , смислено и по нарачка на криминални структури од власта , во рамките на повеќе деценииската државна и системска политика на дискриминација на Бугарскиот народ во Македонија, сега Република Северна Македонија, а во случајот затоа што уште од 1991 година се попишавам по националност Бугарин и со мајчин јазик Бугарски.“, стои во e-mail-от испратен од Живко Чавдаров до Државниот завод за статистика на РС Македонија.
