Одбележуваме 134 години од раѓањето на Вангел Сугарев- брат на легендарниот војвода на ВМОРО Георги Сугарев
На 15-ти август 1890 г. во Битола е роден ВАНГЕЛ КОСТОВ СУГАРЕВ, брат на легендарниот војвода на ВМОРО Георги Сугарев.
Основно образование завршува во родниот град. По Илинденското востание, кога е на 13 години неговото семејство емигрира во Америка. Образованието го продолжува во гимназија во Масачусетс. Служи во американската армија и покасно учествува во Првата светска војна. Студира на универзитетот во Сиракјуз, каде што дипломира. Тој е стипендист по историја на Харвардскиот универзитет, од каде што добива магистерски степен. По дипломирањето на Харвард В. Сугарев предава историја во училишта во Западна Вирџинија, Охајо и Тексас. Работи да крајот на животот като професор по историја на технолошкиот универзитет во Тексас, каде што води курсови по европска историја, политички науки и индустриска историја на Соединетите Држави. Допринесува со статии во различни периодични изданија и посетува научни симпозиуми во САД и во Европа. После крајот на Првата светска војна апелира за народен плебесцит и за налагање на автономно управување на Македонија. Заедно со Давид Наков В. Сугарев е избран за представник на Париската мировна конференција на Бугарската емиграција во Северна Америка. Во 1919 г. како специален делегат на македонските Бугари во Конгресот на САД тој ја публикува статијата „Бугарската националност на македонците“. Пишува во списанието на МПО „Македонија“. Во 1932 г. ја издава книгата „Основавањето на Бугарскиот централен револуционерен комитет“. Раководи катедра по историја на државниот универзитет во Тексас. Во 1939 г. ја публикува статијата „Решението на македонското прашање“.
Вангел Сугарев умира 1943 г. во Брајан, Тексас, но е погребан во Белви, истата држава.
“Никој, кој што е запознаен со Балканската политика воопшто, нема да го оспори фактот дека суштината на балканскиот проблем е македонското прашање. Сегашната окупација на Македонија од страна на грчките и србските воени сили не ги менуваат потешкотиите сврзани со прашањето.
Прашањето за расите во Македонија е важен фактор во решението на македонското прашање, но не е надвор од секоја надеж за спогодба. Македонија претставува вавилонска кула од раси, вери и јазици, кои, на некој начин, ја збунува досетливоста на етонграфот, теологот и филологот, но овие фрагменти од народи претставуваат мало малцинство во сите области каде што било грчко, србско или бугарско население преовладува.
Регионите западно од Шар планина се населени предимно со Срби. Западниот, централниот и источниот дел на Македонија се предимно бугарски. Територијата по крајбрежјето на Егејското Море и југозападно од каазите на Воден и Костур се претежнно грчки.
Грубите и ориентални методи на Грците за елинизирање на македонскиот Бугарин, беа средствата со кои се разбуди националната свест на Бугарите и се стигна до создавање на нивната независна црква – доказ дека под јурисдикција на грчкиот патријарх не го прави човек Грк.
Европските влади на неколку пати ја потврдија бугарската националност на македонските селани. Самото население се осмелило да ја истакне својата бугарска народност наспроти турското, грчкото и српското противење.
Бугарските патриоти сепак пресметале дека независна Бугарска црква беше најевтиниот начин од секоја гледна точка за бугарскиот народ да ја установи својата националност и исто да нанесе смртоносен удар на панелинизмот. Низ многугодишната борба за самостојна црква европските сили го признаа сиштествувањето на Бугарскиот народ во Турската империја; тоа покажа на општ нач каде Бугарите го составуваат мнозинството од населението во Македонија; и тоа создаде преседан за Константинополската конференција што потоа следуваше за составување на картата на Бугарија. Константинополската конференција, која се одржа во 1876 г. во Константинопол, создаде политичка карта на Бугарија по етнографска линија. Конференцијата не успеа да ја реформира Турција, но дефинитивно ги опишуваше западните граници на Бугарска Македонија.
Официјалните факти јасно укажуваат дека официјална Европа неспорно ја потврди бугарската националност на македонските селани. Странскиот патник може да биде непомирливо повлијаен од една од претендентите, но не може да се мисли дека претставниците на европските сили би можеле да бидат измамени во полза на Бугарите. Овие официјални решенија се засновани не само на етнографското знаење на луѓето, но и на неуморните напори на македонските Бугари да се обединат со Бугарија.
Кога новината од Берлинскиот конгрес стигна во Бугарија, македонците, кои се надеваа дека Русија ќе преовладее на конгресот за да ја запази Бугарија обединета, беа први што протестираа против решенијата на силите. Неколку окрузи се побунија. Востаниците беа толку очајно решени да им се спротивстават на турските војски така што меѓународна комисија беше испратена за да вети брзо исполнување на реформите кои им беа гарантирани од Берлинскиот Договор.
Иако на европската дипломатија и’ беше пријатно да се потчинат македонските Бугари на натамошно страдање под турското лошо упавување, но нивниот национален ентузијазам не можеше да биде згаснат. После 1878 г., водачите на националното движење воведоа образователна кампања во Македонија од која еволуира едно од највисоко организираните револуционерни движења што Балканот некогаш го видел. И натаму,на 2-ри август 1903 г. избувна востание во вилаетот Битола. Револуцијата беше безнадежна борба против надмоќниот непријател, но тоа беше оправдување дека староседелното Бугарското население во Македонија беше подготвено да жртвува сè за својата национална слобода.
Едвај е неопходно да се објаснат доказите кои покажуваат дека Бугарите од Македонија и Бугарија имаат обшта историја. Тие и работеа и се бореа за своето национално единство. Тие се една раса, говорат ист јазик и имаат ист стремеж.“
THE BULGARIAN NATIONALITY OF THE MACEDONIANS, 1919 г.
