| |

Одбележуваме 135 години од раѓањето на новинарот и публицист Јордан Бадев

На денешен ден во Битола, 1888 г. е роден револуционерот на ВМОРО – ЈОРДАН АНТОНОВ БАДЕВ, литературен критичар, публицист и новинар. Бил ученик на Даме Груев во битолската Бугарска гимназија, а потоа студира словенска филологија во Софискиот универзитет. На универзитетот во ЛОЗАНА завршува филологија. Се враќа во Битола и работи како учител. Во 1911 г. Бадев ја подкрепува иницијативата за создавање на легална политичка партија на Бугарите во Османската империја. После втората Балканска војна се населува во Бугарија и станува учител во Софија. Член уредник е на Македонскиот научен институт. Учествува во Првата светска војна и носител е на ордени за заслуга и храброст. Започнува да се занимава со литература и новинарство и пишува во списанието ЗЛАТОРОГ и во весникот ЗОРА. Ги редактира весниците НАРОДНОСТ и МИРГОРОД. Поддржува тесни контакти со раководителите на востановената после Првата светска војна ВМРО. По разделувањето на Организацијата на две крила тој е на страната на Иван Михајлов. Пишува во весникот МАКЕДОНИЈА. Во годините пред Втората светска војна е приврзеник на ориентација на Бугарија кон Третиот рајх. Бадев е автор на неколку книги, многу статии, посветени на учесници во ослободителното движење. Бадев е и автор на подпишаната од ВМРО книга „Заговорот против Тодор Александров“. Заради патриотската дејност станува жртва на комунистичкиот терор во Бугарија и е убиен без суд и пресуда на 09. 09. 1944 г.

“Даме Груев е роден 1871 г. во с. Смилево на околу 20-30 км. северозападно од Битола. Од сите села во блиската околија на Битола смилевчани се, без сомнение, најживи, најнапредни и најинтелигентни, речиси пограѓанчени. Собствените згради за живеење во селото се одликуваат по надворешниот вид и по внатрешната уредба со една рафинираност од гледиште на здравствени услови, кои ретко се наоѓаат воопшто во Бугарските села…

Од таква умна и убава по душевна и физичка градба и гиздава по надворешен вид средина произлезе највоодушевениот, најактивниот и најпрозорливиот од основачите на Бугарското ослободително движење во Македонија. Во надворешниот вид – високото чело, проникливите очи, белата и нежна кожа на Даме Груев – и неговите душевни склоности кон наука, кон култура, кон слобода и борба за слобода се одразени основните белези на семејната и обштествената средина, од која произлегува.

Од 80-тите години на XIX век во Смилево има Бугарско основно училиште. Даме завршува основно со одличен успех и неговите родители го праќат во битолската полугимназија. Груев чита жедно и проголтува се’ што се однесува до Бугарската историја и географија и во душата му се зародува и расте интерес, кој носи во себе зародиш на идниот народен апостол. Заминува во Солун каде се запишува во Бугарската гимназија. Тука, во Солун, Груев наоѓа поудобни услови да ги рашири знаењата и да го задлабочи интересот кон судбината на Бугарскиот народ во минатото и сегашноста… Идниот револуционер од Македонија чита најусрдно, собира податоци и води енергични спорови за улогата на единствените и најличните апостоли на Бугарското ослободително движење – Раковски, Каравелов, Ботев, Левски, Бенковски и други.“



Слични Објави