|

Одбележуваме 144 години од раѓањето на бугарскиот револуционер и припадник на ВМОРО Никола Киров Трајков-Мајски

На 28-ми јуни 1880 г. во Крушево е роден НИКОЛА КИРОВ ТРАЈКОВ – МАЈСКИ.

Завршил основно образование во родниот град, а после учи во Бугарската гимназија во Битола. Се преместува во Солун и ја завршува Бугарската машка гимназија. Таму се присоединува кон ВМОРО. Во 1902-1903 г. е учител во леринското село Баница. Уапсен е и е затворен во Лерин. При префрлањето во Битола е направен обид да биде убиен од страна на стражарите. За време на Илинденското востание Н. Киров е во Крушево и учествува во објавувањето и заштитата на Крушевската република. По востанието останва раководител на месниот револуционерен комитет. Покасно е главен бугарски учител во Емборе. После неуспехот на Илинденското востание, повторно учителствува во Леринско. Покасно се запишува на Софискиот универзитет, а потоа учителствува во Ихтиман.

Во 1910 г. е назначен за главен бугарски учител во Дебар. При обезоружителната акција на младотурците е уапсен во Крушево и е биен со 200 удари со тојага по нозете. Лежи во затворот три седмици. Во Дебар 1911 г. Киров успева да го возобнови дебарското Бугарско околиско учителско друштво „Св. Иван Бигорски“, на кое што тој станува председател. Во учебната 1911/1912 г. е директор во училиштето во Ресен. По Меѓусојузничката војна со семејство се префрла во Бугарија, завршва правни науки на Софискиот универзитет и работи како учител и финансиски служител. Учествува во дејноста на Македонската федеративна организација. Во 1914 г. е испратен како бугарски главен учител во Корча, но грчкиот упад го принудува заедно со целото население градот да го напуштат градот. Учествува во обединувачкиот конгрес на Македонската федеративна организација и Сојузот на македонските емигрантски организации во 1923 г. Истата година го издава романот „Илинден“, во кој што му го припишува на херојот Никола Карев создавањето на Крушевскиот манифест.

Автор е на научните трудови „Со поглед кон Македонија“, „Крушово и борбите за слобода“, „Епопејата на Крушево“, „Светлина кон темнината“ и др. Пишува драми и поезија. Редовно публикува материали во списанието „Илустрација Илинден“.

Умира 1962 г. во Софија

“…На 10-ти ноември 1912 г. кон зајдисонце Чаулев и неговите четници – вооружени до заби и јавајќи згоени коењи, минаа низ турските маала и чаршијата и, како што било договорено, го повикуваа граѓанството да ги пречека со радост своите „ослободители”. Меѓутоа, влегувањето на србската, а не на бугарската војска беше еден смртен удар за Бугарите во Охрид. За нив едно ропство се заменуваше со друго, многу пострашно од првото, зашто тие го познаваа „ослободителот” – тој доаѓаше да им ги зароби и душите…

Следниот ден кај мене се појави генерал-аѓутантот Војович, ми рече: …Турците не биле доминантниот елемент во вашата земја, туку Вие. Вие сте биле мнозинството, кај вас била културата; неминовно вие сте биле занаетчии, трговци, дури земјоделци и сточари. Со други зборови, вие сте биле само номинални робја, зашто во духовен, културен и стопански поглед сте биле сила којашто се налагала над слабото, килаво, анемично и рахитично турско малцинство. Тоа живеело со мислата дека е ага, властодржец, господар, а фактички било такво само номинално! Што е право, Турците биле глупаци! Нема зошто да се лажеме и јас отворено ви изјавувам дека ние, на пример, не би сме дозволиле називи на училишта како овие (почна да ги набројува посочувајќи со прстот врз формуларите): Свети Кирил и Методиј, Отец Пајсиј Хилендарски, Св. Цар Борис, Цар Самуил, Иван Вазов, Христо Ботев, Васил Левски, Г. С. Раковски, Дамјан Груев, Гоце Делчев, Илинден и слично. Кога ќе се земе предвид и беспорниот факт дека вие со оружје в рака, т.е. организирано сте ги тормозеле Турците и другите народности во земјата, ќе излезе прав мојот колега, другиот аѓутант на неговото височество, којшто вели дека не ве ослободи вас србската армија од турското ропство, туку ги ослободи Турците и останатите народи во Македонија од Бугарското робување…”

СТРАНИЦИ ОД МОЈОТ ЖИВОТ, Скопје, 1994 г.



Слични Објави