|

Одбележуваме 71 година од смртта на војводата и ликвидатор на ВМОРО Андон Јанев-Ќосето

На 10-ти септември 1953 г. во Благоевград умира безстрашниот револуционер АНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ-ЌОСЕТО, војвода и ликвидатор на ВМОРО.

Роден е 1855 г. во с. Голозинци, Велешко. По убиството на видниот Турчин Али Чауш во Велес, бега во Солун, каде се приклучува во ВМОРО. Добивал наредби директно од Даме Груев и својата нелегалност ја прикрива како пајтонџија на д-р Христо Татарчев. Властите го носат во Солун неговиот постар брат Никола, кој се ставил во нивна услуга. Самиот Ќосето предложил да биде убиен, што и се случило. Учествувал и во убиството на србскиот ренегат во Солун Пејчинович. Во мај 1897 г. по наредба на Даме Груев, заедно со Ицо Џорлев и гевгелиските раководители, Андон учествува во убиството на доушникот на турската власт и водач на гркоманската партија во Гевгелија Влавот Христо Цицов. Убиството било извршено пред очите на кајмакамот во Гевгелија, по што е направена голема потера. По бегството, Андон се приклучува во четата на И. Крчовалијата и М. А. Попето во Кукушко. Со неколку соработници, фаќаат еден чорбаџиски син за кој добиваат 1000 лири откуп. Поради несогласувања со четата заминува за Бугарија, каде бил уапсен, но Гоце Делчев и А. Бузуков издејствувале негово ослободување. Потоа бил војвода во Струмичко и Кукушко и учествува во аферата мис Стон. За време на Илинденското востание предводи чета заедно со Ѓорче Петров и Лука Иванов во Прилепско. Потоа оди во Велешко каде водат борба со 500 души турски аскер. Ноќта, со својата чета успеал да се пробие и во средината на декември 1903 г. стигнува во Ќустендил. По востанието учествува во работата на Серската група, а во 1905 г. се повлекува. Во Балканските војни учествува во четата на Христо Чернопеев и во штабот на Кукушката дружина. По војните живеел и работел како службеник во Горна Џумаја. Во 1951 г. тој и други видни стари револуционери објавуват специјална декларација против југоловенските претензии и македонизацијата на Пиринска Македонија. Во истата декларација стои потписот и на сопругата на легендарниот војвода Васил Чекаларов, Олга Чекаларова.

Андон Ќосето умира после несреќен случај. Докрајот на својот живот останува политички определен за автономијата на Македонија.

“И при разделбата за збогум Гоце Делчев кажа: „Другари, јас сега заминувам за Бугарија, ќе добијам од нашите другари пари и знајте, дека тие пари ќе отидат токму за делото, за македонското дело и ќе ја продолжам со сите сили и средства (борбата) со тие гадови, не со гадови, а како со луѓе. Ако не се обединиме, знајте, Македонија е раскината, ќе стане војна, дали таа војна ќе ја добиеме или не, ќе се предизвика поголема војна, ќе стани европско вмешување, ќе пострада Бугарија”. И Делчев тргна кон границата.

А пред тоа, тој кажа уште: „Бидете смели, имајте средби и со други. Сето зло е од Фердинанд. Ако јас умрам да не биде ако вие просто не ја превртите палатата на Фердинанд наопаку. Целата ролја ја игра тој….Ние не можеме да извојуваме целосна слобода, затоа ние ќе бараме автономија. Целта на Централната организација беше тајна, еден ден само по себе си, после 10 или 15 години, без да се сомневат Србија и Грција, Македонија ќе се обедини со Бугарија…”

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НИКОЈ ПАТ НЕ ИЗРЕКОЛ ГРУБ ЗБОР, 1931 г.

“Бегот на Струмица веднаш замина за Солун. Кога останавме двајцата – Гоце и јас – решивме да заминеме за Солун, каде што бевме добро примени. Се криевме 2-3 дена и на третиот ден решивме да го смениме станот, бевме во бугарската маала, близу до бугарската црква. Касно вечерта тргнавме со Гоце за Пиргите – за станот на еден наш пријател. За да отидеме до тој стан требаше да минеме преку кафаната „Коломбо”. Јас врвев пред Гоце, а тој ме следеше така што врвеше неколку чекори по мене. Го одминав влезот на „Коломбо”, кога вратата на кафаната се отвори и се покажа самото бегче, кое што ни беше избегано. Гоце се случи точно пред влезот на „Коломбо”. Бегчето, кога го забележа се стаписа и сакаше да се врати назад во кафаната. Гоце запре и се обрна со следните кажани на турски зборови кон смутеното бегче: “Браво, што успеа да ни избегаш, јунак си бил. Но немој да мислиш, дека ние не би можеле пак да те фатиме. Сега јас ти го подарувам животот. Ти не’ познаваш и знаеш, дека сме в Солун, ако се јавиш на полицијата за нас, ќе има да пострадаш!”

Сето тоа Гоце го кажа набрзина и со тврд и смел тон. Јас стоев на страна и го држев во џебот револверот, готов за секакво изненадување.

Бегчето одговори збунето: „Капетан ефенди, ако излезе од мене збор, прави со мене какво што сакаш. Сега немојте да ме закачвате”. „Ќе видиме” – беше одговорот на Гоце и ние продолживме надолу кон Банк Отоман. Бегчето не смееше да се врати во кафаната, а удари надолу кон Бурма-чарши.

На другата вечер научивме, дека Назлам-бег полудел.“

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ СО ДРУЖИНАТА ГО ГРАБНУВА СТРУМИЧКОТО БЕГЧЕ



Слични Објави