|

Одбележуваме 153 години од раѓањето на полковник Борис Дрангов

На 15-ти март 1872 г (3-ти март 1872 г. стар стил). во Скопје е роден легендарниот полковник и воен педагог БОРИС СТОЈАНОВ ДРАНГОВ. Учел Бугарско педагошко училиште во родниот град, а потоа завршил воено училиште во Софија. За време на Илинденското востание учествува во битка кај Кратовско. Покасно се запишал на Николаевско генералштабната академија во Санкт Петербург и ја завршил со одличен успех во 1907 г. Потоа бил предавач во Военото училите во Софија. За време на Балканските војни е началник на штаб и се бори при Гечкинли, Чаталџа, Одрин, Селиолу, Ескиполис и Петра. За пројавениот хероизам е награден со орден За храброст. Во Втората балканска војна води борби со Србите. Во текот на Првата светска војна како командир на полк учествува во борбите при Калиманци, Кочани и Штип. Во 1916 г. во Скопје е создадена школа за резервни офицери, во која се запишват над 1000 младинци. За началник на школата е назначен Б. Дрангов. Покасно тој е назначен за началник на штаб на 1-та пешадиска дивизија во бојните полиња на Добруџа против Романија. Во 1917 г. е командант на полк и учествува во битката при завојот на река Црна. На 26-ти мај е тешко ранет и истата вечер умира од здобиените рани. Погребан е во дворот на црквата Св. Димитриј во Скопје, но покасно србските окупатори ги преместуват коските во градските гробишта.

“Градот Скопје, како во старата, така и во нашата нова историја дал бележити мажи и знаменити родољубци. Ама сите тие ги надмина со своите дарби и со своите добродетели полководецот подполковник Борис Дрангов, кој е гордост за целото Бугарско племе. Токму пред една година во неговиот роден град се прими тажната вест, дека јунакот Дрангов бил погоден од непријателска граната и, додека да прими медицинска помош, починал од брзо и силно крвоизливање. Телото на великиот покојник беше пренесено во Скопје и погребано најсвечено, при навала на целиот град, во дворот на храмот “Св. Димитриј”.

…Како Бугарин Борис Дрангов ја сакаше со голем жар Бугарија и обожаваше се’ Бугарско. Тој ја сакаше Бугарската земја, со нејзините природни убавини, Бугарскиот народ со неговите добри квалитети и Бугарскиот говор, кој најдобро ја изразува душата на нашиот народ. Тој не можеше да трпи туѓ збор; тој го изучуваше внимателно Бугарскиот говор, зашто само со Бугарски зборови најдобро можеше да ги предава своите мисли и своите чувства на Бугари. Како Бугарин тој зеде учество во востанието во Македонија од 1903 г; како таков тој се излагаше на најголемите опасности во Балканската и сегашната војна; како велик патриот Бугарин тој и млад загина!

…Г-н генерал Протогеров го завърши својот говор со извик: „Борис Дрангов не умре; тој живее во нашата памет, тој вечно ќе живее во паметта на поколенијата што доаѓаат и многу, многу години ќе служи за пример на нашите народни водачи; зашто нашиот народ има потреба од чесни, вистинољубиви, самопожртвувани, умни и совесни водачи како Дрангов”…”

ЕДНА ТРАУРНА СВЕЧЕНОСТ. ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА БОРИС ДРАНГОВ, А. Протогеров од Охрид



Слични Објави