|

Одбележуваме 162 години од раѓањето на големиот бугарски револуционер и основач на ВМОРО/ВМРО Иван Хаџиниколов

На 24-ти декември 1861 г. во Кукуш е роден еден од основачите на Бугарските Македоно-Одрински Револуционерни Комитети ИВАН АТАНАСОВ ХАЏИНИКОЛОВ. Основното образование го завршил во Кукуш. Продолжил во Пловдив и Свиштов и завршил висока трговска академија во Линц, Австрија. Бил учител во Костенец, Воден, Кукуш, Лерин и во Бугарската машка гимназија во Солун. Во 1893 г. отворил Бугарска книжарница во Солун и ја напуштил гимназијата. Тој е еден од основачите на ТМОРО на 23 октомври 1893 г. и член на ЦК. На 23 јануари 1901 г., по избувнувањето на Солунската афера, бил затворен со другите членови од ЦК и заточен во Подрум-Кале (Мала Азија). По амнестијата во август 1902 г. пристига во Солун и учествува на состанкотот на кој биле разгледани случувањата во Македонија, а во почетокот на 1903 г. се преселува во Софија и се занимава со книжарство и издавачка дејност. Во текот на Балканските војни И. Хаџиниколов е доброволец во Македоно-одринското ополчение на Бугарската армија. После Првата светска војна бил представник на основачкиот собор на Сојузот на македонските емигрантски организации во Софија. Заболен и душевно растроен, се самоубива на 9 јули 1934 г.

“Солун, благодарение на својата местоположба, како природен излез на цела Македонија кон морето, беше станал не само трговски, но и просветен центар на Бугарите во Македонија. Наредени се различни успешни трговски фирми, а тука се издигаше и Солунската Бугарска мажка гимназија, од каде излегоа најдобрите македонски синови. Таму се влеваа сите попробудени македонски Бугари од внатрешноста за да го прошират своето образование и бидат полезни на својата родина, која имаше толку голема потреба од просветени луѓе. Поради оживеаните трговски врски со странство, во Солун лесно проникнуваа слободољубивите идеи на западна Европа и патриотскиот дух на слободна Бугарија. Благодарение на тие свои предимства Солун може да застане на чело во борбата за нашето политичко ослободување. Таму беше создадена од група младежи идеалисти револуционерна организација, на која и’ беше судено да изигра огромна ролја во ослободителното движење.”

ПОЧЕТОК НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, 1931 г.

“Потоа почна да се зборува, дека големите сили барале ревизија на С. Стефанскиот мир! Негодувавме велејќи: „Што имаат тие големи сили со тоа прашање? Небаре тие се бореа и даваа жртви, па си го земаат тоа право”. Не притисна сенка на сомнеж. Фактот што руските војски не доаѓаа да ја окупираат Македонија уште повеќе ни го зголемуваше сомнежот. Но откако се зазбори за Берлинскиот конгрес живеевме со мислата дека С. Стефанскиот мир треба да се потврди и од големите сили. Меѓутоа, кога ги дознавме резултатите на Берлинскиот конгрес гром не’ удри! Разочарувењето и очајот немаа крај. Безутешно плачев како дете. Немаше што да се прави. Требаше да се помириме со положбата.

… Кога стигнав на слободната Бугарска земја, не’ обзеде силна возбуда, и плачев од радост како дете, го скинав фесот, го фрлив настрана и паднав коленички, бакнувајќи ја слободната Бугарска земја. Па и сега, кога ќе си спомнам за поминувањето на турско-бугарската граница, ме обзема истото чувство на душевна возбуда.“

СПОМЕНИ на И. Хаџиниколов



Слични Објави