|

Одбележуваме 172 години од раѓањето на истакнатиот бугарски фолклорист, револуционер и академик од Македонија Ефрем Каранов

На 28 јануари 1852 г. во Кратово е роден Ефрем Цветков Каранов, истакнат фолклорист, историчар, преведувач, револуционер и академик на Бугарската академија на науките. Учи во Цариград, а потоа во Одеса, каде завршува словенска филологија. Почнал да се занимава со книжевна дејност и собирање на фолклорни материјали. Се враќа дома и е учител во Штип, а потоа во Самоковската семинарија, педагошкото училиште во Ќустендил и Софиската класична гимназија. Тој е во врска со Врховниот комитет на Трајко Китанчев, но по неуспехот на Четничката акција (Мелничкото востание) се ориентира кон ВМОРО. Одржува контакти со Гоце Делчев, Јане Сандански, Пејо Јаворов, Константин Иречек, Иван Шишманов и др. Меѓу најпознатите негови дела се „Бугарски народни умотворенија“ и „Бугарски народни песни“.

Ефрем Каранов умира на 6 декември 1927 г. во Ќустендил.

“Роден сум од родители Бугари, во стрмниот планински, со средновековен карактер по многуте камени мостови, кули, стари зданија, криви улици, како и по животот град Кратово, во северна Македонија, познат по својата книжевност, особено препишувачка дејност во време на турското робство, како и по своите рудници.

Нашиот татко прв ги заведе своите деца на училиште во Цариград. Еднаш тој силно возбуден се заколна пред иконостасот Ерусалим дека две од четирите деца ги подарува на Бугарскиот народ и ќе ги заведе на Бугарско училиште во Цариград. Тој знаеше дека во Цариград имало добро наредено училиште при Бугарската црква Св. Стефан; во тие години црковното прашање беше во најголем разгор и во кратовската црква книжевникот Давидко Граматикот, ученик на Јоаким Крчовски, родоначалникот на нашата печатена книжнина на прост Бугарски јазик во почетокот на ХIХ век – извикуваше од амвонот во присуство на владиката: „Да го изгониме владиката, да не го примаме не само во црквата, но и во нашите куќи“, и по улиците се пееше од децата по стапките на владиката противгрчка песна на Аверкиј Петров, игумен на Осоговскиот манастир, во која меѓу другото се кажуваше дека грчките владици грабат, мачат, пречат, од Бога не се бојат.“

СПОМЕНИ од Е. Каранов

Слични Објави