Одбележуваме 182 години од раѓањето на бугарскиот просветен деец и општественик од Македонија Арсени Костенцев
На 15-ти август 1842 г. во штипско Ново село е роден АРСЕНИ ГЕОРГИЕВ КОСТЕНЦЕВ, преродбенички просветен деец, обштественик и револуционер, учесник во црковно-националните борби во Македонија и Тракија. Прво учи во Бугарското ќелијно училиште, а потоа го продолжува образованието во Штип. Од 1860 г. А. Костенцев се отдава на учителската професија, така што прво е даскал во с. Робово, каде што е отворено првото во струмичката кааза новобугарско училиште. По това време тој му испраќа собрани од него народни песни од тој крај на Стефан Веркович, кој го издава зборникот „Народне песме македонски Бугара“. Тој меѓутоа е наклеветен од гркоманите на турските власти и е затворен, така што е испратен во Солунските зандани. Кога е ослободен, работи како даскал во македонските села каде воведува нови предмети – Бугарска историја, географија и др. Во 1866 г. тој оди во Солун, а оттаму се упатува за Цариград, носејќи со себе важни известувања за месните црковни дејци. Таму тој се вклучва во црковно-националната борба. А. Костенцев го продолжува образованието така што учи во Измир и Сер и во Протестантското училиште во Пловдив. После тоа се враќа во Македонија и учителствува прво во Пехчево, а потова вo реонот на Малгарско (Источна Тракија) и ги повикува своите сонародници на борба за црковно и национално ослободување. Во 1869 г. Костенцев е назначен за учител во Битола и во 1871 г. присуствува на Првиот учителски собор во Прилеп. Потоа заминува за Штип, каде со својот брат Михаил отвора Бугарска книжарница. Во 1872 г. станва главен учител во Г. Џумаја, учествува во создавањето на месниот револуционерен комитет и во подготовката на Априлското востание од 1876 г. По неуспехот на бунтот се крие извесно време од турските власти. За време на Руско-турската војна (1877-1878) А. Костенцев организира собствена чета во реонот на Горноџумајско за да го заштити месното население од препадите на отстапувачкиот турски аскер и башибозук. Кога, според Берлинскиот договор градот е вратен одново на Османската империја, се населува во слободното Кнежество Бугарија. Во 1881 г. тој се враќа во родната Македонија и е назначен за учител од Егзархијата во Бугарските училишта во Струмица и Емборе, Кајљарско. Наклеветен е пред турските власти и е заплашен со затворање. Тој бега во Бугарија и се населува во Софија, станвајќи ситен чиновник во државната администрација. Во 1917 г. го потпишува протестниот документ на ВМОРО, Мемоар на Бугарите од Македонија. Умира во 1921 г. во Софија.
“Роден сум во 1842 г. во месец август во Ново село до град Штип, од православни родители Бугари, татко ми се викаше Георги Костенцев, а мајка ми Марија Каранфилово. Воспитан сум по Бугарски при даскал Василко и даскал Темелко.
Мојот покоен татко немаше книги, но ја сакаше бугарската книга. Се занимаваше со трговија на јажина, гајтани, конци и сл.; одеше по разни градови и панаѓури и каква бугарска книга да видеше, за каква цена и да беше, тој требаше да ја купи, и секој празник и секоја вечер, кога беше дома, ме тераше да му прочитам секоја книга поотделно – од крај до крај. Еден ден доведе едно момче на негов некој побратим од Струмица, по име Евтим Ранеников, за да живее кај нас и да се учи по Бугарски. Во 1858 г. татко ми ме заведе кај нив на гости за Петровден. Отидовме во Струмица во домот на Е. Ранеников, едно од најинтелигентните и најдобрите семејства во Струмица. Се раширија гласини во градот дека стриково-Георгиевото момче ќе пее псалми за Петровден на Бугарски. Едни кажваа: никогаш не се пееле псалми во Струмица по Бугарски; други кажваа – ќе оставите, ќе оставите, а трети – крв ќе пролееме, но Бугарски да се пее, нема да оставиме.
Еден добар пријател на татко ми и други влијателни и имашливи луѓе отидоа вечерта кај грчкиот владика и му кажват: „Дојдовме, владико свети, да те молиме дека тука на нашиот стар и добар пријател Г. Костенцев момчето му дошло на гости, та да му позволите утре да го каже апостолот на Бугарски и да ни попее псалми во црквата?“ – „Како! Бугарски? – извикал владиката по турски – тука не е Московијата та да се чита по Бугарски! Само тоа не може да биде во Струмица!“ „Ние си излеговме, владико свети, од борчот и ако стане утре нешто не одговараме ние.“ Без да му ја целуват раката излегле и отишле во домот на кајмакамот и кадијата и ги помолиле да проведат утре неколку заптии во црквата Св. Димитрија за да ја запазат тишината. Тие им ветиле, а грчкиот владика приготвил неколку момчина со ками, за во случај ако започнам да пеам на Бугарски, едниот да ми ја земе книгата, а другите во ѓурултијата да ме избодат со ками. Во тоа време браќата и братовчедите на Е. Ранеников, кога научија за тие нешта, составија и тие една контра-дружина, исто со ками. Утрото тргнавме за в црква, јас застанав до Узун Христоман, а браќата и братовчедите на Ранеников ме заобиколија. Јас започнав да читам на Бугарски, а другото момче насред црквата по грчки, но слугите на У. Христоман моментално му го грабнаа апостолот и го запреа. Другите се спуштија да го земат мојот апостол, но браќата на Ранеников ги одбија со сила. Владиката започна да вика. „Какви луѓе сте вие да не можете едно дете да соборите.“ И започна да колне; а тие му одговорија на клетвите со клетви. Другото утро истото стана и во црквата Св. Костадин; апостолот го читаше Е. Ранеников, а пак јас – другите црковни песни; владиката не дојде в црква, но се готвел да ги анатемисва сите оние, кои помагале за Бугарското читање и пеење.“
