|

Одбележуваме 62 години од смртта на легендарниот војвода на ВМОРО Илија Дилберов

На 29-ти август 1962 г. во Благоевград умира легендарниот војвода на ВМОРО – ИЛИЈА МАНОЛОВ ДИЛБЕРОВ.

Роден е 1877 г. во кукушкото село Гаваљанци. На 18 годишна возраст влегува во Организацијата. Во Софија се запознава со Гоце Делчев кој го испраќа како војвода во Горноџумајско. Учествува во повеќе битки, а потоа дејствува во Струмичко во четата на Христо Чернопеев. Учесник е во аферата Мис Стоун. Во 1903 г. Гоце Делчев го праќа во Кукушко. Учествува во Илинденско-Преображенското востание. 15 дена неговата чета е обсадната кај Гавалјанскиот ѓол од 12 000 турски аскер. Го пробиваат обрачот и се присоединуваат на четата на војводата Аргир Манасиев. По востанието останува како војвода во Гевгелиско, борејќи се со гркомански чети. По Младотурската револуција учествува во одредот на Јане Сандански во походот на Цариград. До Балканските војни одново застанва на чело на чета. По избувнувањето на војната влегува како доброволец во Македоно-одринското ополчение. Во 1913 г. е во чета на Тодор Александров која дејствува во помош на Бугарската армија во ослободувањето на Кукуш. Награден е со орден за храброст. Во втората Балканска војна застанува на чело на партизанска чета. Во Првата светска војна се вклучува во партизански одред на 11-та дивизија на Бугарската армија.

После војната се населува во Горна Џумаја и во 1934 г. е еден од основачите на Македоно-одринското ополченско друштво.

“Воената пројава со најголеми размери на Бугарите во Македонија за извојување на политичка и духовна независност по 1878 г. е Илинденско-Преображенското востание, кое што во летото на 1903 г. обединува под востаничките знамина 26 500 борци. Еден од дејците, кој што останва во сенката на големите раководители на востанието, макар што развива активна дејност при подготовката и спроведувањето, како и после неговиот погром, е Илија Манолов Дилберов наречен Дилбер Илија.

Недостатокот на достаточно средства во Организацијата за закупување на оружје и муниција подтикнува неколку револуционерни дејци да прибегнат кон одвлекување на американската мисионерка Елена Стоун, сред кои е и Илија Дилберов. Во крајот на август 1901 г. мис Стоун тргнува од

Солун за Струмица–Горна Џумаја–Банско со цел да раководи

летно училиште за Бугарски учителки, кои што работат под раководството на протестантската мисија во Солун.

Во почетокот на септември при Подпрената скала во местноста Пределот мисионерките се сопрени от четници, преоблечени во турски башибозужки алишта. Заробена е Елена Стоун и сопатничката Катерина Стефанова Цилка од Банско.

Во продолжение на седум месеци жените пребиват кај четниците, додека се водат преговорите за нивниот откуп со американскиот конзул во Цариград – Дикенсен. После постигање на споразумот за 14 500 турски лири со задачата по ослободувањето се задолжени А. Ќосето, А. Докурчев, С. Мандалов, Д. Калачев, К. Васил, М. Ќосето и Дилбер Илија.

Преминувајќи на десниот брег на р. Струма, групата со жените се придвижува на запад и продолжуват кон с. Грдошарци (со мешано христијанско и муслиманско население). Таму во месната црква ги остават жените, знаејќи, дека ќе бидат предадени на турските власти во Струмица, откаде со пајтон се одведени во Солун од месното население.

Добиените 14 500 турски лири се искористуват за потребите на ВМОРО, а светот се запознава со борбата за слобода на подвластените на султанот Бугари во Македонија и Одринско.“

ДЕЈНОСТА НА ИЛИЈА МАНОЛОВ ДИЛБЕРОВ (1898-1918), Елена Ј. Александрова



Слични Објави