| |

Одбележуваме 92 г. од раѓањето на големиот бугарски актер со потекло од Охрид Никола Анастасов

На денешен ден пред 92 г. е роден познатиот бугарски актер Никола Анастасов. Анастасов е роден на 22 април 1932 г. во Софија. Семејството на неговиот татко се преселило во Софија од Охрид. Дипломирал актерска игра кај проф. д-р Стефан Сарчаџиев на ВИТИЗ „Крсто Сарафов“ во 1955 г.

Дебитирал во улогата на Валер во „Скржавецот“ од Молиер на сцената на Драмски театар – Враца. Играл во театрите во Враца (1955 – 1956) и во Варна (1956 – 1957), како и во Софискиот сатиричен театар, Театар „Работнички фронт“ и „Мал градски театар зад каналот“. Првата значајна улога во Сатиричниот театар ја одиграл во 1961 година во комедијата „Кога розите танцуваат“ од Валери Петров. Исто така, учествувал во претставите Римска бања, Сако од велур, Суматоха. Учествувал во филмовите – „Ѓаволските стебленца“, „ На секој километар“, како и „Нако, Дако и Цако“ – првата бугарска телевизиска серија во боја. Учествувал во филмовите „Неочекуван одмор“ и „Астронаути“. Неговите најпопуларни филмски остварувања се Пејо во класичниот филм на Зако Хескиа – „Тројцата од резервот“ и Димитраки во популарната продукција „Неразбраната цивилизација“ (1974) на Бугарската национална телевизија според класичната драма на Добри Војников.

Има плоча со неговите отпечатоци на Ѕидот на славните пред „Театар 199“ во Софија.

Никола Анастасов го озвучува главниот лик во култната аудиодраматизација на „Вини Пу“ од 80-тите години на минатиот век.

Анастасов починал на 8 август 2016 година во Софија по тешко боледување. До својата смрт бил во брак со поп-пејачката Марија Косева, со која има два сина.



Слични Објави