Одбележуваме 94 години од убиството на видниот револуционер на ВМРО Наум Томалевски
На 2-ри декември 1930 г. во Софија е убиен видниот револуционер на ВМРО НАУМ ХРИСТОВ ТОМАЛЕВСКИ.
Роден е во Крушово 1882 г. Учел во Бугарската гимназија во Битола, каде што се приклучува во Организацијата. Прогонуван од властите, бега во Бугарија. На Пејo Јаворов му помага во издавањето на весникот „Дело“. Потоа учи во Бугарското педагошко училиште во Скопје. Во 1903 г. учествува во Илинденското востание. Во домот на неговите родители во Крушово се прогласува Крушовската република. По востанието останва во родниот град како учител и како член на околискиот комитет на ВМОРО работи за обнова на револуционерната организација. Прогонуван од властите, Н. Томалевски повторно бега во Бугарија и работи како учител. Се запишал на Софискиот универзитет, а потоа завршил филозофија во Женева и литература во Фрибур. Во Првата светска војна завршува школа за резервни офицери, а потоа е назначен за Бугарски кмет на Крушово. По војната заедно со Тодор Александров, Александар Протогеров, Иван Каранџулов, д-р Никола Стојанов, Георги Баждаров, Михаил Монев, Аргир Манасиев и други учествува на седницата на која се донесува одлука за возбновување на четничката дејност во Вардарска и Егејска Македонија. Бил испратен од ВМРО на специјална мисија во Западна Европа. Н. Томалевски е меѓу членовите основачи на Македонскиот научен институт во Софија. Во 1924 г. тој собира фактолошки материјал за Мемоарот за положбата на Бугарското малцинство во грчка и србска Македонија и го депозира во Обштеството на народите. На шестиот конгрес на ВМРО во 1925 г. е избран за член на Задграничното представништво на ВМРО заедно со Кирил Прличев и Георги Баждаров. Н. Томалевски пишува во весникот „Народност“, „Вардар“, „Македонија“, „Неделна зора“. Во Лондон се сретнува со хрватскиот политичар Степан Радич, за заеднички дејствувања на ВМРО и хрватската опозиција во југословенската скупштина. Во 1925 г., во Австрија успешно договара заеднички дејствија против Југославија со австриски, унгарски и италијански министри.
По убиството на Александар Протогеров во 1928 г. тој застанува на страната на протогеровистите. Иван Михајлов издава заповед за негово убиство. Застрелан е во дворот на неговата куќа од Владо Черноземски и Андреј Манов.
“Роден сум на 14. септември 1884 г. во Крушева. Татко ми Христо Димов Томалевски има потекло од Галичник, а мајка ми Коца Георева Гарска од с. Гари – Реканско. Тие се чисти Бугари – мијаци. Татко ми беше беден работник – мајстор, кој долги години одел да бара работа на гурбет, главно во Србија. Таткото на мојата мајка – дедо Георе, живеел долги години како дограмаџија во Скече (Ксанти). Тој беше чесен и голем родољубец; зел учество во црковните борби во Скече, ја отворил првата Бугарска црква и училиште таму и многу бил трудољубив… Се објави востанието. Видов, преживеав величествени моменти и страшни денови! Го видов блескавиот, славенички слободен град, ги видов пожарите и пепелиштата.
Еден ден, по порака, мислам на Георги п. Христов, или на Сугарев, требаше да заведам еден непознат за мене човек, малку мургав, со големи мустаки, во затворот за средба со Даме Груев, кого што јас често го посетував. На дното на една кошница со јајца, непознатиот човек скрил револвер. Пазачот на затворот не се посомнева. Даскал Даме се јави блед, со везано кече на главата и наметнато платно. Преку решетката мојот другар подаде насмеан и спокоен рака на Даме, лицето на кого стана побледо. Говореа речиси цел час. Збогувајќи се, Даме ме праша дали го познавам гостинот. Возвратив одрекувајќи. На следниот или вториот ден го спроводивме таинствениот човек до патот за Лерин. Беше Гоце Делчев. По неколку дена бев „покрстен“ од Дренски и Сугарев.“