|

Одбележуваме 95 години од смртта на видниот деец на ВМРО и еден од основачите на Македонскиот научен институт Иван Каранџулов

На 3-ти мај 1930 г. во Софија умира ИВАН КОНЕВ КАРАНЏУЛОВ.

Роден е во Прилеп 1856 г. во семејството на просветниот деец Коне Чонин Каранџулов, кој што ја отвора првата Бугарска печатница во Западна Македонија и учествува во црковните борби за независност. И. Каранџулов завршува образование во родниот град, а потоа започнува да работа како учител во Битола. Заминува за Цариград и завршва РОБЕРТ колеџ, после кое се враќа во Битола и продолжува да работи како учител. Во Цариград го редактирал весникот НОВИНИ, а покасно е редовен кореспондент на весникот ЗОРНИЦА. Го преведува Шекспир на бугарски јазик. Заминува за Франција да учи и во 1884 г. завършува право. Се настанува во Бугарија и зазема различни доъжности во судскиот систем – судија во окружни судови, председател на апелационен суд, главен обвинител на Врховниот суд. Бил делегат на Втората Хашка конференција за мир во 1907 г. Учествува активно и во легалното ослободително движење така што го подкрепува Врховниот македоно-одрински комитет, а по Првата светска војна е виден деец на Внатрешната македонска револуционерна организација. На Основачкиот собор на македонските бегалски братства во Софија, е избран за председател на Исполнителниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации. Комитеот испраќа во февруари 1919 г. до Париската мировна конференција „Мемоар“, во кое што се бара присоединување на Македонија кон Бугарија, или пак – Самостојна Македонија под покровителството на Великите сили. Во 1923 г. Каранџулов е избран за народен представник во Народното собрание. Во 1927 г. народните представници од Горноџумајска, Неврокопска и Петричка околија се издвојуваат во отделна парламентарна група со председател д-р Иван Каранджулов и секретар Ангел Узунов од Охрид. Каранџулов е член-основач на Македонскиот научен институт во Софија. При расколот во ВМРО по убиството на генерал Александар Протогеров во 1928 г. е на страната на Иван Михајлов.

“Векови изминаа, откако македонските Бугари се борат и копнеат, за да го постигнат својот народен идеал и сега, исправени пред семоќниот меѓународен суд, кој што нели ќе го реши судбоносното прашање за нивното ослободување, тие преживуват денови на невидена возбуда, треперливи надежи и мрачни сомненија.

Сите крвави борби на македонските Бугари низ последните три десетилетија до 1912 г. главно се водеа, за да се предизвика вмешувањето на Европските Велики Сили, подписнички на Берлинскиот договор, та да се поправи неправдата, која што со тој договор беше сторена, така што да им се гарантира целосен слободен живот.

Најпосле, бугарскиот карактер на Македонија се докажва и од фактот, дека македонското население начело со Внатрешната Револуционера Организација, а истото и македонската емиграција во Бугарија дејствувале и во своит усни и писмени декларации недвосмилено изјавиле, дека пред секаква делба предпочитат автономијата на Македонија под гаранцијата на Великите сили. Дури и сега, след толку војни и жртви, има гласови, кои што од страв да не би делови од нашата родина да попаднат под грчка и србска власт, се враќат пак кон старата идеја за автономијата на Македонија. Наопаку, Грци и Срби секогаш биле против принципот на автономијата и секогаш само тие го подигале прашањето за делба на Македонија. Тоа нивно поведение неволно напомнува сосема на еднаквото поведение на лажливата мајка при Соломоновиот суд за оспоруваното од неа туѓо дете.

Од приведените до тука многубројни и неоспорни податоци се гледа, дека Македонија представува една географска и етнографска целост…

Големото мнозинство од населението во Македонија е од Бугарска народност. Грците на југ, Албанците на запад и Турците, распрснати како отделни оази во целата земја, представуват од себе си една инфлитрација, без да го изменат обштиот етнографски карактер на областта, како што тоа нагледно се гледа од приложената етнографска карта.

Ако, покрај нашето очекување, сите тие гореизложени аргументи не се достаточи да ги убедат по најнесомнен начин меродавните фактори врз вистинскиот национален карактер на таа многустрадална земја, ние Ве молиме да наредите, согласно принципот за самоопредлбата на народите да се направи референдум на македонското население при непроменети услови…

Председател: Иван Каранџулов

Секретар: Никола Стојанов”

МЕМОАР НА ИСПОЛНИТЕЛНИОТ КОМИТЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕМИГРАНТСКИ БРАТСТВА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МИРОВНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПАРИЗ, 1919 г.

Слични Објави