| |

Одбележуваме 98 години од подвигот на Менча Крничева во виенскиот „Бургтеатар“

На денешен ден одбележуваме 98 години од извршувањето на смртната пресуда на предавникот на ослободителното дело на македонските Бугари Тодор Паница. Пресудата е извршена на 8 мај 1925 г. од страна на македонската хероина Менча Крничева во виенскиот театар „Бургтеатар“ по налог на раководството на ВМРО. Менча Крничева е родена во 1900 во Крушево, му била сопруга на последниот водач на ВМРО Иван Михајлов. Таа умира во Рим во 1964 г.

Уште во текот на 1918 година, на пат за Минхен, Крничева се запознала со Магдалена Измирлиева, сестра на жената на Тодор Паница. Подоцна, во 1920 година, при нејзино бањско лекување од ревматизам, се запознала и со семејството Паница.

Раководството на ВМРО, пред сè Иван Михајлов, го искористува нејзиното пријателство со семејството Паница, за извршување на смртната казна врз Тодор Паница, кој од страна на ВМРО бил обвинет за убиството на Иван Гарванов и Борис Сарафов во 1907 година, за комунистичка дејност и за тоа дека како федералист се ставил во српска служба.

Менча Крничева започнала да прави планови за неговото убиство уште во текот на 1923 година, но поради честите заболувања била спречена во тоа. Но веќе во летото 1924 година, атентаторката купила револвер за таа цел и планирала да го изврши убиството по свадбата на Магдалена Измирлиева за извесниот Бумбаров. Вистинската можност и се укажала во месец мај 1925 година.

Слични Објави