| |

Европа им оддава почит на жртвите на тоталитарните режими

На 23 август, Европа им оддава почит на милионите жртви на тоталитарните режими од 20 век – националсоцијалистичкиот, фашистичкиот и комунистичкиот. Овој ден е познат и како Европски ден на сеќавање на жртвите на тоталитаризмот и авторитаризмот.

Датумот е симболичен – токму на 23 август 1939 година бил потпишан пактот Молотов–Рибентроп меѓу нацистичка Германија и комунистичкиот Советски Сојуз, со кој двете диктатури го отвориja патот кон Втората светска војна.

Со одбележувањето на овој ден, институциите на Европската Унија и државите-членки испраќаат порака за потребата од зачувување на историската меморија и осуда на сите форми на тоталитарна власт. Истовремено, денот претставува потсетник за значењето на демократијата, човековите права и владеењето на правото како темели на современа Европа.

Во низа европски градови денеска се одржуваат комеморативни настани, дебати и изложби, со цел да се едуцираат младите генерации и да не се заборават трагичните последици од тоталитарните режими.



Слични Објави