Одбележуваме 99 г. од убиството на видниот историчар, публицист, дипломат и деец на ВМОРО проф. д-р Никола Милев
На 13 февруари 1925 г. во Софија е убиен видниот историчар, публицист, дипломат и деец на ВМОРО – Проф. д-р Никола Милев. Убиството е извршено од група македонски дејци собрани околу Димитар Влахов, сврзани со советските служби.
Проф. д-р Никола Милев е роден на 8-ми мај 1881 г. во с. Мокрени, костурско. По завршувањето на основното училиште во родното село заминува со татко му во Каиро. Потоа учи во Фенер, па во Цариградскиот лицеј. После бил учител и работи во весникот на Симеон Радев. Студирал историја на Софискиот универзитет, а специјализирал во Виена. Учествувал во Балканската војна како преведувач во Бугарската армија. По војната станал професор на катедрата по историја на универзитетот во Софија. Бил директор на печат во Министерството за вн. работи. Еден е од основачите на партијата НАРОДЕН СГОВОР и директор на дневниот весник СЛОВО. Учествува во Бугарската делегација на конференцијата во Лозана 1922 г. Тој е еден од основачите на Македонскиот научен институт. Бил советник и близок соработник на Тодор Александров и автор на протестниот документ – Мемоар за положбата на Бугарското малцинство во србска и грчка Македонија представен на Обштеството на народите, 1924 г. Автор е на повеќе научни студии.
“Ако Крит со цената на своите епски борби, си извојува одамна право да биде неразделен дел од грчката татковина и Грција никогаш и за ништо не би се одрекла од него, така нашиот роден крај го запачетил своето единство со Бугарија преку страдањата и солзите на едно измачено население, преку крвта на илјадници, пролеани во името на Бугарската национална идеја. И денес, кога Бугарското племе даде нови, скапоцени жртви за уништување на вековниот обшт непријател на балканските народи, Бугарија има задолжителен долг да ги собере сите Бугарски земји, да се пожртвува ниту еден агол од нив, толку повеќе од оние, кои низ толку тешкотии високо го држеа знамето на народниот идеал. Ете зашто, изразувајќи ги чувствата на сите Бугари од Костурско, Леринско и Кајљарско и нивната непоколеблива волја да состават неразделен дел од целокупна Бугарија и уверени во патриотизмот на Бугарската влада, ние очекуваме, дека таа ќе го чуе гласот на нашиот роден крај и потпирајќи се на правото и на силата на Бугарскиот народ, ќе ги заштити со целата енергија највишите интереси на Бугарското племе.”
МЕМОАР ОД КОСТУРСКО-ЛЕРИНСКО-КАЈЉАРСКАТА ЕМИГРАЦИЈА ВО СОФИЈА, 1913 г.
