ОДБРАНАТА НА ГРУЕВСКИ ЌЕ СЕ ЖАЛИ ЗА ПРЕСУДАТА ВО СЛУЧАЈОТ „ТЕНК“

//

Димитар Дангов, адвокатот на обвинетите во случајот на СЈО „Тенк“ објави дека одбраната ќе поднесе жалба на пресудата со која на затворска казна од две години денеска беше осуден Никола Груевски, а поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски доби казна затвор од шест години и шест месеци. Дангов рече дека Судот немал никаква основа да изрече осудителна пресуда туку напротив пресудата требала да биде ослободителна. Дангов го определи како лично право на обвинетиот, неприсуството на Груевски за време на изрекувањето на пресудата во случајот „Тенк“.



Претходна статија

МФ ТЕВДОВСКИ СЕ СРЕТНА СО НОВОИЗБРАНАТА ГУВЕРНЕРКА АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА

Следна статија

СОЧНИ ЌОФТИЊА СО КИСЕЛО МЛЕКО

Најново од Вести