Одбраната во случајот „Тенк“ ги чита писмените докази

Вести Истакнато Македонија

Судијата Кацарска рече дека ќе го разгледа барањето на одбраната.
На денешното рочиште за случајот на СЈО – Тенк, одбраната ги чита писмените докази.

Адвокатката Сања Алексиќ се обрати до судскиот совет со барање да по службена должност судот добие одговор од МВР и министерот Оливер Спасовски. Се работи за доказ од листата на докази предложени до судот, за кој одбраната поднела барање до МВР и не добила одговор. Поради ова, адвокатката Алексиќ рече дека одбраната се обратила со барање лично до министерот Спасовски, но повторно безуспешно.

-До овој момент одбраната нема никаков одговор од МВР. Затоа доставувам барање до судот па судот по службена должност да изнуди одговор за докази кои веќе ние ги доставивме во листата на докази, рече Алексиќ.

Извор: Курир