ОДОБРЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАД ВРЗ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО МАВРОВО

//

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 20-годишен жител на село Леуново, на 21.05.2019 година, бил пријавен дека кршел и оштетувал инвентар во интернатот „Седек Костоски“ во Маврови Анови, каде привремено бил сместен. Кога на местото пристигнале полициските службеници кои постапувале по пријавата, тој од џебот извадил штрафцигер и ги нападнал со намера да ги повреди. Од страна на полициските службеници бил совладан и приведен.

Усвојувајќи го предлогот на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена.



Претходна статија

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ГО ПРИМИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БОШЊАЧКИ ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, МУНИР КОЛАШИНАЦ

Следна статија

ОСМАНИ: ФРАНЦИЈА СИЛНО ГИ ПОДДРЖУВА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА ЗЕМЈАВА

Најново од Вести