Одобрени 127 милиони евра за патишта и за пругата кон Бугарија
Преку ИПА 2 програмата на Македонија и се обезбедени 127, 2 милиони евра, дел од кои заедно со 19 милиони евра од македонскиот Буџет ќе бидат наменети за изградба на пругата кон Бугарија.
За секторот Железници алоцирани се 71,5 милиони евра и ќе бидат искористени за изградба на дел од третата фаза на пругата кон Бугарија, делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.
За патишта се обезбедени 48,7 милиони евра. Со нив ќе се гради втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, делница Градско – Дреново, третата лента на патот Градско – Прилеп, ќе се реконструира делницата Куманово – Ранковце, делница Плетвар, и ќе се заменат заштитните огради на автопатот на Коридор 10, во должина од 100 километри.
