ОДРЕДЕН ДАТУМОТ ЗА ПОЧЕТОК НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА

Челниците на Премиер лигата денеска ги објавија датумите за старт на новата сезона во најсилната лига во светот.

Според тоа нема да чекаме долго за старт на новата фудбалска сезона во Англија. Таа ќе започне на 12 септември 2020 година, а доколку се дозволат условите со пандемијата на коронавирус, таа ќе заврши на 23 мај следната година.

Премиер лигата исто така објави дека ќе ги продолжи консултациите со Фудбалската федерација на Англија и англиските лиги за што побрзо да се дефинира календарот за сите домашни натпреварувања, а дури потоа ќе го одреди распоредот на натпревари за новата 2020/21 сезона.