МАСКА СО ЗЕЛЕН ЧАЈ ЗА СОВРШЕНО ЛИЦЕ
Зелениот чај е богат со антиоксиданти кои покрај неутрализирањето на слободните радикали во телото, помагаат да се регенерира кожата. Можете да направите неверојатна маска за лице со зелен чај дома.
Зелен чај, јогурт и банана
Бананата ја подмладува кожата и длабоко ја хидрира. Јогуртот исто така содржи многу корисни материи кои ја негуваат кожата и ја прават свежа и мека.
Сварете една кесичка зелен чај. Оставете го да се излади чајот. Изгмечете една зрела банана. Потоа измешајте ја со 1 лажичка јогурт. Додадете 2-3 лажички чај во смесата. Промешајте.
Нанесете ја маската на кожата. Оставете ја да отстои околу 15-20 минути. Исплакнете со млака вода.
