ОДРЕДЕНИ ГРУПИТЕ ЗА ЕП ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ 2018

/

Со ждрепката во Париз беа одредени групите за женското Европско првенство во ракомет што од 29.ноември до 16.декември ќе се одржи во Франција.
Домаќинот на шампионатот Франција ќе биде во Б групата која ќе се игра во Нанси.

Распоред на групите:
А група (Нант): Данска, Шведска, Полска и Србија.
Б група (Нанси): Франција, Црна Гора, Русија, Словенија.
Ц група (Монтбилар): Унгарија, Шпанија, Холандија, Хрватска.
Д група (Брест): Норвешка, Германија, Чешка и Романија.

Титулата европски првак ја брани Норвешка.
Македонија настапот во квалификациите го заврши на третото место во групата зад Шведска и Србија.



Извор: Sportski.mk



Претходна статија

МИНИСТЕРОТ РОБЕРТ ПОПОВСКИ И АМБАСАДОРОТ ГАРЕТ: РАБОТИМЕ ЗАЕДНИЧКИ НА СИСТЕМ ЗА КОМУНИКАЦИИ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ КАКО СТАНДАРД ЗА СЕКОЈА ИДНА ВЛАДА

Следна статија

ЗАЕДНИЧКА ИФТАР ВЕЧЕРА ВО ПРЕСРЕТ НА РАМАЗАН

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот