| |

БУГАРСКО МНР: 88.450 ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИМААТ БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО, НЕ СМЕЕМЕ ДА ГИ ПРЕДАДЕМЕ

Би било неразумно да очекуваме дека бугарската позиција ќе се промени во наредните месеци, велат од бугарското МНР за „Труд.бг“.

Според бугарското МНР, во претстојниот период, Бугарија ќе продолжи со своите напори да им ги објасни на партнерите бугарските проблеми во врска со Република Македонија.

-Очекуваме реален пристап на солидарност и разбирање од следното претседателство,  велат од бугарското МНР.

Оттаму додаваат и дека сегашната позиција на Бугарија има основа во натпартискиот консензус и наследниците на бегалците од Вардарска Македонија.

Соседна Бугарија нема да ја тргне блокадата за Македонија.

-Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе, наведуваат од бугарското МНР.

Од бугарското МНР, сепак, тврдат дека интересот на Бугарија не е да го одложи процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, туку конечно да се решат отворените прашања во односите и успешно да се продолжи со процесот на интеграција на сите земји од Западен Балкан.

„Ние не добиваме никакво задоволство од позицијата што Скопје нѐ принуди да ја заземеме, откако со децении Бугарија ја обезбеди сета можна поддршка за нашите браќа од другата страна на границата. Со ставот што го зазеде Бугарија во рамките на Советот на ЕУ, нашата земја го одложи усвојувањето на рамката за преговори за Република Северна Македонија со цел да се вклучи јасно и обврзувачко барање за Република Северна Македонија за спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Со оглед на сегашното неисполнување на Договорот од страна на Република Северна Македонија, Бугарија нема да може да ја донесе преговарачката рамка без овие гаранции“, наведува бугарското МНР.

Понатаму се додава дека со одложувањето на усвојувањето на преговарачката рамка, Бугарија ги бранела својот национален интерес и националната позиција.



Слични Објави