Во унгарскиот град Кечкемет ќе се одржат Денови на Бугарија
Заменик-министерот за економија Дончо Барбалов на 16 октомври ќе ги претстави можностите за продлабочување на бугарско-унгарската економска соработка за време на бизнис форумот „Економија и индустрија“ во градот Кечкемет. Ден претходно, на 15 октомври, во истиот град ќе се одржи форумот „Високо образование, земјоделство и туризам“, во кој ќе учествува заменик-министерот за образование Николај Витанов, јавува БНР.
Двата настани, кои ќе започнат во 9:30 часот, се дел од иницијативата „Денови на Бугарија во Кечкемет, Унгарија“, соопштија министерствата за економија и образование на Бугарија.
Барбалов и Витанов ќе земат учество онлајн, а форумите се организираат од Регионалната трговско-индустриска комора на округот Бач-Кишкун, Бугарската трговско-индустриска комора, универзитетот „Џон фон Нојман“ во Кечкемет, со поддршка од д-р Јордан Бочков, почесен конзул на Бугарија во Унгарија.
Во настаните ќе учествуваат претставници на државната администрација, локалната самоуправа, академската заедница, стопански комори, невладини организации и претставници на бизнисот од двете земји. Форумите ќе се одржат во хибриден формат – со физичко присуство во Кечкемет и онлајн поврзување.
