ОФИЦИЈАЛНО: ОЛИМПИЈАКОС ИСФРЛЕН ОД ГРЧКАТА ПРВА ЛИГА!

Кошаркарскиот клуб Олимпијакос беше исфрлен од грчката Прва лига поради тоа што одби да настапи во четвртфиналето на плејофот од натпреварувањето против Панатинаикос.

Официјално тие се елиминирани автоматски од плејофот и се префрлени на последното место од табелата, па тоа значи и преселба во понизок ранг.

Останува да видиме кои ќе бидат наредните чекори на Олимпијакос, кој во претходниот период се поврзуваше со префрлање во АБА-лигата.

Во секој случај, оваа одлука на Дисциплинската комисија во Грција нема да влијае на учеството на Олимпијакос во Евролигата поради договорот кој го имаат двете страни.

Спорот почна поради барањето на Олимпијакос на мечот против Панатинаикос да судат странски судии, а таа желба не им беше исполнета, па тие решија да одбијат да учествуваат во плејофот.

Извор: Спорт1