ОКО ЗА ОКО ЗАБ ЗА ЗАБ И НАКРАЈОТ СИТЕ ВО ПРОВАЛИЈА

///

Додека тендерите си фрштат на сите страни и додека само се менуваат фирмите (фиктивни или не без разлика), што ги добиваат нашите пари за да испорачаат некаква услуга, ние се убиваме еден со друг…
Мангупски е да му ја скршиш главата на оној што ти посакувал гасна комора, но и закон Божиј е да му го е*еш векот на оној што пеел за сестра ти, мајка ти, братучеда ти и комшивка ти дека се „к*рви големи“.
Додека се множи црнилото меѓу обичните смртници, за кои сечеме вени откако ќе ги настигне смртта без време, едни други конта се покачуваат вртоглаво… и во Швицарска и во Белизе. Тука нема разлика.
Ќе дојде денот кога нема да остане ниту еден за кого разноразни од дома неизлезени напатени душички (без разлика на нивната етничка припадност) ќе ронат крокодилски солзи. Ќе дојде тој ден и ќе се прашуваме како го е*авме пириначот, пуст останал…
Око за око заб за заб е убава фора… тие нам 1 ние на нив 100…
Ама празнината не се мери ни во тони. Празнината е таа што боли и за неа уште не се нашол научник да измисли мерна единица.
Тие „големите“ ќе јадат скап џанк фуд со големина на фекалија од пудлица, пошо можат да си дозволат да си купат нешто скапо што нема да ги најаде, а ние малите ќе лупаме по два бурека на ден и ќе си ги кршиме главите. Убаво ни е…
Неее јас не сум левичар популист. Ме заболе за тие што крадат, паметни се, се снаоѓаат. Бидете како нив, снаоѓајте се, јадете скапи хамбургери што се толку мали што не најадуваат, одете у Грчка на одмор, све ви е дозволено, само не се убивајте како кучиња.

PS: Претседателот на Здружението на ветерани на ОНА, Даим Хисени испрати писмо со сочувство до семејството на Никола Саздовски, барајќи правдината да се истера до крај… Груби има уште бајаги да учи.

Автор: Батко Тане



Претходна статија

ПЕТАР КОЛЕВ: Г-ДИН ПОПОВСКИ СÉ УШТЕ ЛИ СТЕ МИНИСТЕР?!

Следна статија

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ НА НАВИВАЧКАТА ГРУПА „КОМИТИ“ ПРЕД СОБРАНИЕ

Најново од Истакнато

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,