ОКОЛУ ЗАГАДУВАЊЕТО ТОЧНО И ПРЕЦИЗНО ДА СЕ ОБЈАСНИМЕ
Неколку пати до сега пишував дека бев главен лобист за поврзувањето на нашата мрежа на гас со онаа на Кавала (Ксанти) диспечинг центарот.
Владата само изработи по инерција и би рекол дека изработи, делимично добро и успешно.
НАТО пактот и низа меѓународни невладини и владини организации во далечната 2002/3 година изработија мастер анализа за загаденоста на почвата во Република Македонија.
Во таа анализа можеше се баш да се види.
Замолив тогаш неколку новинари да ја прераскажат оваа анализа но само еден од нив, од ФОКУС успеа да ја образложи.
Сега да се вратиме на проблемот. Да се сработи нешто против загадувањето е потребно да се измери многу правилно. Да се мери поинт ту поинт на 10 локации на пример во Прилеп и на 80 локации во Скопје. Без вакво мерење, загаденоста не може да биде прецизно измерена.
Не е потребно да биде прецизно само измерена туку податоците многу правилно да се обработат и при тоа мерење од одма се гледа од каде е загаденоста.
Прво такво мерење, сѐ уште е во тест период за прв пат во Република Северна Македонија се први во Прилеп. Иако сѐ уште тест период.
Податоците, не ги земајте здраво за готово бидејќи се во тест период, а и страницата е во тест период се гледаат овде.
https://ekodata.live/?page=prilep&module=cards
Од прва без големи анализи се гледа од што е загадувањето во Прилеп-
1. Огревот на домаќинствата
2. Огревот на јавни и приватни згради кои користат мазут
3. Неповолните ветрови од Битола и РЕК
4. Во многу мал дел се сообраќајот, но придонесува
5. Во многу мал дел се други чинители, како рудниците, но придонесуваат
Присуствував на промоцијата на која беа поканети сите градоначалници од Македонија.
Од 100 присутни немаше нити еден градоначалник од државата.
Прилепскиот градоначалник кажа една добра мисла- Ќе мерам па тоа нека се одрази на мојот политички рејтинг но ќе мерам и точно и прецизно да бидеме информирани и да преземаме понатамошни чекори. Извинете но никој до пред него градоначалник немал доволно храброст ова да го направи. А,изгледа ни другите градоначалници од Македонија немаат или сѐ уште плеткаат.
Агендата ми останува иста- Сите топлани на мазут што побрзо да ги конвертираме да работат на гас. ТЕЦ Неготино и РЕК да ги конвертираме на гас. За она што можеме да го направиме итно е ова. За домаќинствата полека за неколку години да почнеме да бараме солуции да се искорени и ова загадувње. Ова загадување е поврзано и со стандардот и со многу фактори но може на нив да се влијае.
Трето ЗАБРАНА ЗА УВОЗ НА ВОЗИЛА БЕЗ ЕУР 5 СТАНДАРД. Ниту маркици ниту налепници ниту кревање на давачките. Сето е тоа едно големо НИШТО.
Едноставно да ги ублажиме овие лоши резултати можат градоначалниците да споделат бесплатно садници во градските четврти. Онолку садници колку што има жители.
Подобро е да се прави нешто континуирано, отколку ништо и да се носат заклучоци.
Борбата против загадувањето ќе ја водиме 5 до 10 години. Треба политичка волја и економски мерки.
Се е друго боранија.
Автор: Даме Чкатроски
