| |

Оние кои имаат приходи над 1000 евра ќе плаќаат поголем данок

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави дека Владата е ќе ја зголеми даночната стапка на 18 отсто за онаа група на граѓани кои имаат највисоки приходи. Тука спаѓаат оние кои имаат нето приходи над 1000 евра.

Тевдовски е сигурен дека оваа мерка нема да удри по средната класа. Министерот додава дека станува збор за став на Министерството за финансии чија нацрт верзија наскоро ќе биде објавена за јавноста да го каже своето мислење.

Тевдовски промената на даночната политика ја оправда со високата нееднаквост во примањата во Македонија. Новиот тип оданочување треба да стартува од 2019 година, но претходно ќе се спроведе сеопфатна анализа и јавна дебата за да се слушнат мислењата на јавноста.

Слични Објави