Одбележуваме 75 години од смртта на полковник Димитар Цветков учесник во четата на Герасим Тодоров
На 17 мај 1949 г. во Горна Џумаја бугарските комунисти го бесат полковникот Димитар Кузманов Цветков. Роден во битолското село Смилево, Македонија. Неговиот татко загинал за време на војните за национално обединување. Димитар бил израснат во полкот во кој служел неговиот татко. Завршил Воено училиште во Софија, а во 1941 година заминал во Вардарска Македонија. За време на бугарското владеење бил командант на контрачета во Скопје и како таков учествувал во сите антипартизански акции.
По 9 септември 1944 година, Димитар Цветков бил баран од Титовите партизани за да му се суди. Заминал како доброволец на фронтот и така не бил суден ниту во Југославија, ниту во комунистичка Бугарија.
Ја напуштил армијата со чин полковник. Се вклучил во активностите на Бугарскиот земјоделски народен сојуз Никола Петков, по извесно време решил да побегне преку граница во Грција. На 8 март 1948 година заедно со потполковникот Стојно Бачијски влегува во четата на Герасим Тодоров и во истата е одговорен за воената обука. Заробен откако одредот беше разбиен и осуден на смрт според чл. 1 од ЗЗНВ. Неговото семејство било иселено од Софија и било репресирано од комунистите.
Еве што пишува полковникот Цветков во 1941 г. во писмо до офицерот што го посвоил:
“…Искам да споделя впечатленията си от посещението ми в Македония, понеже зная, че много обичаш и си се борил за свободата на тази измъчена българска земя. Бях един от щастливците, които занесоха “свещения огън” в новоосвободените земи. На мен се падна да занеса този символ на българския неугасващ дух в Дупница, Г. Джумая, Царево село, Кочани, Щип, Велес, Прилеп, Битоля, Ресен и Охрид. Няма думи, с които да опиша щастието и възторга на сърцето ми при съзнанието, че след 23 години посещавам тези места, и то като офицер от храбрата родна армия…
…стигнахме Царево село, което прилича на едно селце от Стара България. Посрещнати бяхме от всичките жители, но по лицата им се четеше уплаха и недоверие. Само когато чуеха името “България” или “Цар Борис” очите им светваха и старите започваха да плачат. Изглежда това погранично население е било подложено на голям терор и тормоз…
… в Кочани стигнахме към 22 ч…. целият град беше излезнал да ни посрещне. … В очите на хората се четеше, че техните души ликуват от щастие. Разликата между Кочани и Ц. село беше грамадна, тук видях колко много е жилав българският дух…”
Подготвил: Ангел Радев

