ОСМАНИ: 2020 Е ГОДИНА НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

//

Вицепремиерот Османи денеска се обрати пред Комисијата за европски прашања по повод преземањето на Претседателството со Советот на ЕУ од страна на Република Хрватска.

„Честитки до Република Хрватска, и до Амбасадорката Н.Е. Тигањ, за првото и историско претседателство со Советот на Европската унија, за одличниот почеток со претседавањето, за амбициозната програма, како и за прецизно и коректно дефинираните приоритети за овие шест месеци” – истакна Османи потенцирајќи дека оваа 2020 година е година не само на Република Хрватска, туку и на Република Северна Македонија и на целиот регион на Западниот Балкан.

„2020 година е година и на Република Северна Македонија, бидејќи оваа година, после три децении, ја остваруваме нашата прва стратешка цел, членство во НАТО, а убеден сум дека оваа година ќе ги започнеме и преговорите за членство во ЕУ” – додаде Османи. Во оваа насока тој потенцираше дека најважно е одлуката да се донесе и преговорите да започнат што е можно поскоро, за да продолжи реформскиот процес, како и изградбата на европска држава, со силни демократски институции и целосно почитување на фундаменталните права и еднаквоста на сите граѓани.



„Процесот на преговори ќе го почнеме и тој нема да биде едноставен, туку долготраен, полн со предизвици. Затоа е потребно сите да вложиме заеднички напори и да имаме конструктивен пристап како гаранција дека овој пат успешно ќе го изодиме” – истакна Османи.

Претходна статија

СУДИИ, ПОЛИТИЧАРИ, БИЗНИСМЕНИ УРГИРАЛЕ ЗА КАМЧЕВ ВО ИМПЕРИЈА, МЕЃУ НИВ И КАЦАРСКА

Следна статија

ЏАФЕРИ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА САМИТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН И ЕП ВО БРИСЕЛ

Најново од Вести