Османи и Гервала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гeрвала-Шварц денеска потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората.

 – Договорот се потпиша во рамки на заедничкатa седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Косово во Скопје. Со овој договор се овозможува размена на искуства и активности, имајќи го предвид значајниот број граѓани од двете држави кои живеат во странство, соопшти МНР.



Министерството посочува дека денеска беа потпишани 11 договори и меморандуми за соработка, со кои бројот на потпишани документи со Косово од 42 се зголеми на 53.

Претходна статија

За Заев модуларните болници се по сите стандарди, за експертите се небезбедни и надвор од европските стандарди

Следна статија

Села: Една изрека вели – прости, но не заборавај, соработката меѓу АА-ААА и ВМРО-ДПМНЕ само за локални избори

Најново од Вести