Османи и Мортон ќе го одржат првиот состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка

/

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе и биде домаќин на министерката за Европа и Америките на Обединетото Кралство, Венди Мортон, која престојува во работна посета на нашата земја.

Целта на посетата е одржувањето на првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, на кој од страна на Северна Македонија ќе ко-претседава министерот, Бујар Османи, додека од страна на Обединетото Кралство ќе ко-претседава министерката, Венди Мортон.

Советот се смета за највисоко работно тело надлежно за имплементација на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји, кој ќе ја има улогата на координатор на имплементацијата на одредбите од Спогодбата и развојот на севкупните односи меѓу двете земји. Исто така, во рамките на Советот, предвидено е министрите да потпишат и Деловник за работа, како рамка преку која ќе се одвива целосната соработка во рамките на ова тело.



Извор: Темите

Претходна статија

Делови од Скопје без вода

Следна статија

Без струја повеќе делови од Скопје

Најново од Вести