Османи на Вилнус Форум 2022

/

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, за време на официјалната посета на Литванија во рамки на Балтичката турнеја, учествуваше на Вториот форум на високо ниво за иднината на демократија, што се одржува во Вилнус, на покана на министерот за надворешни работи Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис.

Како што соопшти МНР, Османи имал обраќање на првиот ден од Форумот на панелот под наслов „Што ќе ја замени раздробената глобална безбедносна архитектура“, модериран од министерот Ландсбергис.

Осврнувајќи се на темата, Османи подвлече дека руската инвазија на Украина, како очигледно кршење на меѓународното право, отворено го предизвикува самиот концепт на мултилатерализмот како основа на безбедносната архитектура.

-Евроатлантската интеграција е најдобрата алатка за спречување конфликти и злонамерно влијание од трети страни како успешна безбедносна политика, симболизирана со историскиот успех на политиката на отворени врати на НАТО и политиката на проширување на ЕУ, заклучил Османи.



Форумот Иднината на демократијата се одржува во Вилнус втора година по ред и претставува меѓународна конференција на високо ниво како претходница на Самитот за демократија, под покровителство на претседателот на САД, Џо Бајден. 



Претходна статија

Јордан Камчев е на слобода, Судот му ги споил затворските казни

Следна статија

Дујовски: Целта на дојавите за бомби во училиштата е да се создаде страв и паника меѓу населението

Најново од Вести