(ВИДЕО) Протести пред Собранието во Бугарија поради новите рестриктивни ковид мерки
Голем протест пред Собранието во Бугарија организиран од партијата Вазраждане, по новите рестриктивни ковид мерки со кои се забранува влез во јавните институции без вакцина, како и против воведувањето на зелен сертификат.
Состојбата ескалира, а демонстрантите се обидуваат да влезат во Собранието, додека пак полицијата се обидува да ги спречи.
Демонстрантите се обратија и до полицијата и ги замолија да застанат на нивна страна.
