|

ОСМАНИ: С. МАКЕДОНИЈА ГИ ИСПОЛНИ, ДУРИ И ГИ НАДМИНА СИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ

Мислам дека РС Македонија и Албанија нема да бидат раздвоени на патот кон ЕУ, оти тоа е погрешна дебата, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, пренесува Слободен печат.

– Прво, мислам дека погрешна е дебатата што се насочува во јавноста. Ова не е прашање дали Албанија ќе ги почне преговорите или не, тоа е прашање на Албанија. Ние го поставуваме прашањето дали ние треба да ги почнеме преговорите, сметајќи дека сме ги исполниле сите критериуми, дури и сме ги надминале, во поглед на политичките, во поглед на економските и во поглед на транспонирањето на евроското законодавство. И затоа во мојот говор реков дека овој ѕид за започнување на преговори не само што стана симбол на нашите европски аспирации, стана тест на кредибилитетот на ЕУ – изјави денеска Османи по настанот организиран во пресрет на Денот на Европа.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави