Османи во прва официјална посета на Саудиска Арабија

/

Денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи.

За време на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како и со други високи официјални претставници на земјата.

Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија, со посебен фокус на соработката во областа на економијата, туризмот и бизнис релациите меѓу двете земји.

Претходна статија

Облачно и студено со дожд, а на планините снег

Следна статија

Киев без греење и струја, во исчекување на обилен снег

Најново од Вести