ОСМАНИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ПОЛСКА

/

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Република Полска.

Во рамки на посетата на Варшава, Османи ќе се сретне со Државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе се сретне и со Министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович.

Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на Македонија, и поддршката од Република Полска во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ во октомври.

Посетата на Варшава преставува дел од европската турнеја на Вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ОРКА ГО ДЕМАНТИРА КОСТАДИНОВ: НЕ ГО ФИНАНСИРАМЕ ВМРО-ДПМНЕ

Следна статија

ГЕРОСКИ: ЛАГА Е ДЕКА СУМ СЕ „ПОДНОВИЛ“ СО АПАРТМАНИ ВО ХАЛКИДИКИ И БАНСКО

Најново од Вести