|

Осум загинати, 14 повредени во крвaвиот напад во Младеновац

Припадници на МВР, по опсежна потрага, во околината на Крагуевац го уапсиле У.Б.(2002).

Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје убил осум лица и ранил 14.

Повредените лица се згрижени во болниците.

Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан, според медиумите во соседството.

Министерството за здравство на Србија итно апелираше до граѓаните доброволно да даруваат крв за повредените.

Во неколку болници во Белград и во Смедерево се згрижени лицата повредени во синоќешното крвопролевање кај Младеновац во Србија.

„Телеграф“ пишува дека има осум повредени во Ургентниот центар во Белград, двајца во КБЦ Драгиша Мишовиќ, а тројца во Смедерево.

Во текот на ноќта во болницата „Свети Лука“ во Смедерево биле примени десет лица, но четири лица починале, а тројца се пренесени во Белград.

Како што е потврдено, тешко повредените лица на возраст од 21 и 23 години биле донесени во КБЦ Драгиша Мишовиќ на белградско Дедиње, каде што биле оперирани, но нивните животи се уште се во опасност, јавува репортерот на РТС.

Слични Објави