ОТЕЦ ПИМЕН СО ЕМОТИВНА ПОРАКА: ЧИТАЈ ЗА ДАРКО, АЈДЕ СИТЕ ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА МАЛИОТ РЕСЕНЧАНЕЦ
„Драги ем мили мои ресенчани!
Некои чуја, некои не дека “Излегов” излезе од печат пред скоро време.
Тоа е роман за Ресен правен според песната “Излегов да се прошетам” од Распеани ресенчени, во кој дејствието се пренесува во девеесетите години на минатиот век. Многумина ја гледаа во 2015 година и истоимената претстава на Актерот на Европа.
За повозрасните ресенчани тоа ќе биде една тегла козервирани спомени од младоста, која секогаш ќе може да им ја отворат и да им ја послужат на своите внуци после многу години. За помладите откривање како живееле нивните родители во тие времиња.
Јас велам убаво е да ја имате на своите полици. Уште поубаво и похумано што со купувањето на книгата сите собрани средства ќе одат во заедничката каса за помош при лекувањето на Дарко Цирески Од ресенчани за ресенчанец.
Нашата, за многумина, омилена Таверна се вклучува во акцијата со тоа што ќе биде место каде што сите читателски расположени луѓе ќе можат да ја набават книгата, а и сите хумани луѓе кои ги мрзи да читаат а сакаат да помогнат во лекувањето на Дарко.
Книгата е со продажна цена од 200 денари и ќе повторам сите собрани пари од продажбата ќе бидат донирани за лекување на нашиот сограѓанин Дарко Цирески
На вас останува да ја покажете хуманоста, културата и критиката после читањето на романот.
П. С. Добредојдени се и другите кафулиња и ресторани да се вклучат во акцијата со тоа што ќе можат да бидат пунктови за продажба на романот“ напиша на својот facebook профил владиката од МПЦ-ОА, Пимен Европски.

