Откако Туше јуначки не и кажа на жена му каде му се парите, сега е на браникот на името (ФОТО+ВИДЕО)
Познатиот македонски фолк пејач Благојче Стојановски-Туше, по кого сечат вени домакинќиве од Перт, Сиднеј, Мелбурн, а чат пат и од Канбера застана во одбрана на македонското име. Откако тој јуначки и со комитски инает одби да и’ каже на неговата сопруга каде му се парите, и ја прати кај свирачите, сега на мета се сите кои сакаат да го сменат името на нашата земја. Слушнете го најновиот хит на Туше, кој е на добар пат да го замени Орце Стефковски во создавањето на патриотски песни инспирирани од дневно-политички теми.

