OТВОРАЊЕ НА КРОС-ПЛАТФОРМСКАТА ИЗЛОЖБА:  ГИ ОТКРИВАМЕ НАШИТЕ ВАЛКАНИ ТАЈНИ  

Истакнато Култура

Во Кафе и Кино Котур Скопје од 28 до 30 декември 2018 г.

Иницијаторите на крос-платформската изложбата ВАЛКАНА ТАЈНА ќе повикат на јавна и корпоративна поддршка за нов тип мултимедиска еколошка серија која делува како платформа за граѓаните, бизнис лидерите, владините и невладинити организации да ги здружат силите во критичната борба против загадувањето во Македонија.

Концептот на оваа изложба ќе биде претставен од страна на иницијаторот на проектот, Џорџ Стамкоски, продуцент и режисер од новата македонска крос-платформска медиумска компанија Volatile 360 Dooel www.volatile360.comкако и Жарко Настоски од истражната новинарска група Кадар www.kadar.mk.

Изложбата ВАЛКАНА ТАЈНА е првиот чекор во амбициозната агенда за обезбедување поддршка за производство и емитување на нов тип на крос-платформски формат во Македонија: редовна ТВ и онлајн еколошка серија базирана на информации од професионални медиумски работници, стручни аналитичари и кориснички содржини од граѓани низ цела Македонија.

Планираната серија ќе биде платформа за граѓани, бизнис лидери и експерти од владините и невладините организации да развиваат, предлагаат и имплементираат иновативни решенија за опоравување и спречување на загадување на воздухот, водата и почвата низ целата земја.

Серијата ќе има за цел да се спротивстави на индивидуалната апатија и групниот песимизам зад погрешното убедување дека загадувањето е премногу голем проблем за кој било човек самостојно да го реши, и дека не вреди да се обидуваме да промениме нешто. Со прилагодување на нашите секојдневни навики како поединци, креирање еколошки здрави модели за општествено одговорни индустрии, и ригорозно спроведување на политички цели како дел од интерактивен дијалог со граѓаните, серијата ќе го промовира оптимизмот и ќе даде насоки за тоа што сите можеме да направиме во борбата против загадувањето.

Долгорочната цел е да се користи форматот на ВАЛКАНА ТАЈНАкако протитип и да се работи со регионални партнери за да се создадат слични серии во соседните земји под слоганот “Загадувањето не признава граници!”

На отварањето, Ксенија Путилин, специјалист за комуникации и развој на заедницата во Македонското еколошко друштво www.mes.org.mk, ќе објави нови иницијативи за граѓанско учество во урбаната екологија. Таа развива проект за Македонија инспириран од професионалната обука оваа година во Лос Анџелес, овозможена од страна на Стејт Департментит на САД.