ОТВОРЕН ДИЗНИЛЕНД ВО ШАНГАЈ, БИЛЕТИТЕ РАСПРОДАДЕНИ ЗА НЕКОЛКУ МИНУТИ

/

Дизниленд во Шангај ги отвори своите врати за посетителите по повеќе од три месеци откако беше затворен поради епидемијата на коронавирусот. Забавниот парк е затворен од 25 јануари, кога биле регистрирани првите случаи на „Ковид-19“.

Паркот е преполн со посетители кои резервирале билети уште минатата недела. Секој што дошол морал да помине проверка пред да влезе. На сите им била измерена температурата и морале да имаат потврда од надлежните дека не се болни.

Насекаде во паркот има редари кои ги опоменуваат посетителите да стават маски и да се придржуваат кон пропишаната дистанца.

Низ целиот Дизниленд се поставени жолти панделки, така што посетителите знаат каде да чекаат во ред. Во паркот постојано се врши дезинфекција, а доколку е потребно сe откажуваат одредени ревии ако има премногу луѓе.

Билетите биле распродадени за неколку минути, соопштија од паркот.



„Иако многу делови од паркот се уште се затворени, ние сме радосни што Дизниленд повторно работи“, рече мајката која дошла во паркот со својата петгодишна ќерка.

Повеќето од посетителите рекоа дека дошле во паркот затоа што по двомесечниот карантин сакаат да се забавуваат.

Менаџментот на Дизниленд соопшти дека постепено ќе ги отворат сите сегменти на забавниот парк.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ПОСТАПКИ ПРОТИВ 21 ЛИЦЕ ВО СКОПЈЕ ЗАРАДИ ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Следна статија

МЗ:ДЕНЕСКА СЕ ОЗДРАВЕНИ 64 ПАЦИЕНТИ, ПОТВРДЕНИ СЕ 22 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19

Најново од Вести