ОЗИЛ ПРЕГОВАРА СО КЛУБ ОД МЛС-ЛИГАТА
Месут Озил најверојатно ќе биде следната ѕвезда од Европа, која ќе замине во МЛС-лигата.
Англиските медиуми информираат дека Германецот е пред заминување од Арсенал и кариерата ќе ја продолжи во САД. Ди Си јунајтед е неговата следна дестинација, откако клубот по втор пат почнува преговори со фѕдбалерот.
Првите контакти биле направени минатото лето, па откако Озил не се прослави изминатава полусезона, сега Ди Си јунајтед се надева дека ќе има повеќе среќа да го договори Германецот.
Неговата плата во Лондон изнесува 350.000 фунти неделно, а има уште 18 месеци од актуелниот договор.
Извор: Спорт1