| |

П.КОЛЕВ: БАНКАРИТЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД КАМАТИТЕ ЗА ДОБРОТО НА ОПШТЕСТВОТО КАКО ЦЕЛИНА

„Ние не треба да забораваме дека сме можеби најсиромашната држава во Европа и во едни вакви услови на криза за моја огромна жал, банкарите во оваа земја разочараа.
Тие се доволно моќни, стабилни и силни, и мислам дека можат да се откажат со дел од својата предвидена печалба под формата на камати, во корист на општеството како целина и да отпадне овој дел со каматите, бидејќи каматите не се сврзани со ликвидноста. Далеку поопасна е ситуацијата со тоа шест месеци да не ја исплаќате главнината, таа е сврзана со ликвидноста, отколку тоа да ги пролонгирате каматите или да ги отпишете каматите за тие шест месеци“, изјави Петар Колев, претседател на ГДУ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.



Слични Објави