П.КОЛЕВ: ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ!

//

„Од мое лично име, но и од името на ГДУ, сакам да ја изразам нашата огромна благодарност кон нашите лекари, полицајци и припадници на армијата, како и кон сите служби за спасување, безбедност и сите инволвирани во борбата против ова зло Ковид-19.

Би сакал најдлабоко и искрено да се заблагодарам и на сите професионални возачи на камиони, продавачи во супермаркети, аптекари, работници во пекари, производствени капацитети за храна, за струја, вода и сите инволвирани во овие тешки моменти кои со огромен ризик за своето здравје продолжуваат со работа за ние денес да можеме да живееме спокојно и да немаме криза за храна, струја, вода, горива итн.

Почитувани сограѓани, вие сте нашите херои, вие сте луѓето кои во овој момент сте спасителите на Македонија и на секој еден од нас! Нашето општество има долг кон вас и тоа е вистината.

Ви се поклонувам на храброста и длабоко ви се заблагодарувам!“ се вели во отвореното писмо на претседателот на Граѓанско Демократска Унија Петар Колев, упатено до сите инволвирани кои во овие тешки моменти се борат ние граѓаните на Македонија да не осетиме поголема тежина во ова зло време и денови бележани од вирусот Ковид-19.





Претходна статија

ПОДКАСТ НА „СЛОБОДАР“: НА КОЈ НАЧИН СЕ СПРАВУВА МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНА ВИРУСОТ?

Следна статија

ГЕРМАНСКАТА ВОЈСКА ИЗГУБИ 6 МИЛИОНИ МАСКИ НА АЕРОДРОМ

Најново од Вести