| |

ПАЧЕМСКИ (ГДУ): ВЛАСТА ИМА ПАРИ ЗА ЛУБРИКАНТИ И ЦВЕЌИЊА, А НЕМА ПАРИ ЗА ЛЕЧЕЊЕ НА БОЛНИТЕ

„Стотици илјади луѓе работат прекувремена работа за мизерни плати и не успеваат дома да однесат пари за да ги задоволат потребите на нивните дечиња.

Нема правда се додека луѓе умираат поради недостиг на услови за лечење и чекајќи за да бидат прегледани во мој термин.

Како можеме да зборуваме за морал и правда кога им се врти грбот на децата на нашата земја. Во нашата држава има пари за лубриканти и за цвеќиња во влада а нема пари за лечење на болните.

Се прашувам кој би можел да и пријде на мајка која го изгубила своето дете поради лошите услови во здравството и лошиот систем , или на граѓани кои се надеваат на донации од смс пораки за лечење на тешка болест.

Поради ова ние мораме да им кажеме на избраната елита дека има цена која нема да ја платиме и дека има линија од која нема да се повлечеме. Наша должност е да го сочуваме ова парче земја што ни го оставиле нашите предци за ние да им го оставиме на нашите деца и на нивните деца“, изјави претседателот на локалниот клуб на ГДУ во Штип, Борче Пачемски, пред присутните гости на прославата на неговата партија по повод отворањето на локалниот огранок во Штип.



Слични Објави